„На сите нас најважно ни е здравјето на граѓаните и накако не би требале да правиме компромис со тоа прашање. Но, исто така заклучивме и како Влада дека покажавме сериозност и посветеност во справувањето и со здравствената криза во нашата држава, но и со социо-еконоската криза“, изјави Мила Царовска како кандидат на листата на пратеници за ИЕ1 од коалицијата на СДСМ.
Царовска истакна дека за да се продолжи и понатаму со истото темпо потребна е Влада со политички мандат.
„Третиот сет мерки започнува во моментот кога овие мерки од првиот и вториот сет стигнуваат при крај. Кога зборуваме за доцнење треба да сме свесни дека Владата овој сет трет на мерки го усвои минатата недела. До денеска имаме поминато само шест дена и токму затоа инстиуциите работат посветено и јас сум сигурна дека наредната недела тие веќе ќе излезат со првите делови од мерките. Не велам дека сите делови од мерките ќе се усвојат наредната недела. Првите мерки би требало да бидат преточени во уредба наредната недела и да почнат да се имплементираат по завршувањето на вториот сет мерки, но секако дека течат и мерките од првиот сет“, рече Царовска одговарајќи на новинарско прашање зошто се доцни со третиот сет економски мерки.