• Latest
Мила Царовска, министерка за образование и наука/ Фото: Б. Ј. ЦИВИЛ

Царовска: За квалитетно образование, инвестираме во инклузивни училишта

March 4, 2021
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Царовска: За квалитетно образование, инвестираме во инклузивни училишта

March 4, 2021 14:29
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Мила Царовска, министерка за образование и наука/ Фото: Б. Ј. ЦИВИЛ

Мила Царовска, министерка за образование и наука/ Фото: Б. Ј. ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

„Еден од приоритетите на Министерството за образование и наука за оваа календарска година е вложување во унапредувањето на образовната инфраструктура, затоа што, тоа е една од основните детерминанти на квалитетот на образовниот систем, покрај квалитетот на наставата. За таа намена, во буџетот предвидовме средства од 1 милијарда денари, што е за два и пол пати повеќе од лани и истите ќе се распределат по општините во зависност од приоритетноста на потребите за интервенции кои ги имаат пријавено во МОН. Со тоа ќе се подобрат условите за образование на над 100 илјади ученици и студенти, но и условите за работа на наставниот кадар“, изјави министерката за образование и наука, Мила Царовска за време на денешната посета на општина Ѓорче Петров, каде започнаа активностите за доградба на крило во состав на основното училиште „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ во населбата Хром.

„Општина Ѓорче Петров е дел од инвестициската агенда на МОН за оваа календарска година. Како што гледате, веќе е започната изградбата на уште едно крило во склоп на ова училиште. Тоа ќе биде со површина од 750 квадратни метри, со 5 училници, простории за наставниците, стандардни тоалети и тоалети за деца со попреченост, лифт, простории за разговор со родители,  со што училиштето ќе може да прими многу поголем број ученици од сегашниот капацитет. Практично, сите оние дечиња кои се жители на овој дел од општината ќе се запишуваат и ќе посетуваа настава овде, во близина на своите домови“, рече Царовска.

Таа информираше дека се работи за инвестиција во вредност од 25 милиони денари и истата треба целосно да биде завршена од страна на изведувачот на градежните работи некаде до средината на следната календарска година.

Царовска додаде дека во општина Ѓорче Петров во моментов се реализира и друга поголема инвестиција – доградба на крило во ОУ „Тихомир Милошевски“ во Волково, а преку проектот за изградба на 145 сали во план е и изградба на спортска сала во ОУ „Јоаким Крчовски“ во вредност од 22,7 милиони денари, како и замена на кровната конструкција во ОУ „Ѓорче Петров“ во населбата Ѓорче 1.

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски изрази благодарност до Министерството за образование и наука и до министерката Царовска што предложените проекти од локалната самоуправа биле прифатени и веќе се спроведуваат. Рече дека очекува изградбата на ова училиште да се реализира и пред роковите предвидени во договорот со изведувачот, со цел што поскоро да биде ставено во функција.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ