Општина Центар Жупа е пред исполнување на потребниот цензус од 2385 гасачи, до 15 часот правото на глас го оствариле 2352 лица, што е 32,8 отсто од запишаните избирачи.
– До 15 часот правото на глас го остварија 2352 лица или 32,8 отсто од 7.154 колку што изнесува вкупното гласачко тело. Споредено со повторените избори во април годинава излезноста до 15 часот е поголема за 8,69 отсто. Членови на ОИК вршат редовно обиколки на избирачките места со цел увид во работата на избирачките одбори. До сега немаме никакви поплаки, изјави Неџип Илјаз, претседател на ОИК.
Правото на глас денеска имаат право да го остварат 7154 лица, а се гласа на 16 гласачки места.
Во оваа општина, каде над 60 отсто од популацијата е во некоја од западноевропските земји, главно во Италија, се повторува гласањето за градоначалник, поради необезбеден цензус од 1/3 од вкупниот број гласачи. Нивното присуство сега се очекува да го обезбеди потребниот цензус од 2.385 гласачи.
М.Д.