• Latest

Централниот совет на Евреите во Германија го обвини климатското движење на Грета Тунберг за „демонизирање на Израел“ и поддршка на Хамас

October 29, 2023

РЕАКЦИИ: Обоени таблички – вистинска реформа или забава за народ?

September 11, 2025

Од „бастион“ на ДУИ, до „Чаир на Изет“

September 11, 2025

Ангелов: „Вардариште“ го чува агенција за обезбедување, по изборите Владата и новиот скопски градоначалник ќе се зафатат со трајно решение за депониите

September 11, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против три лица за дивите депонии во „Вардариште“

September 11, 2025

Судскиот совет нема да постапува за време на локалните избори

September 11, 2025

Фетаи ќе раководи со новоформираниот Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот

September 11, 2025

Новите правила за влез во ЕУ почнуваат од 12 октомври, ќе важат и за македонските државјани

September 11, 2025
фото: Државен инспекторат за животна средина

Дождот не го запре чадењето од Дрисла, пожарот ќе се затрупува со земја

September 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

(ВИДЕО) Катарскиот премиер Ал-Тани го обвини Нетанјаху дека „убил секаква надеж“ за израелските заложници

September 11, 2025
Фото: Скринчот од видео на
CBS News

Руски дронови веќе влегоа во воздушниот простор на неколку НАТО членки – многу други може да бидат во нивниот дострел

September 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Централниот совет на Евреите во Германија го обвини климатското движење на Грета Тунберг за „демонизирање на Израел“ и поддршка на Хамас

Во пост на социјалните медиуми, движењето му даде поддршка на Хамас тврдејќи дека масакрот на Хамас на 7 октомври е „вкоренет во изминатите 75 години угнетување и етничко чистење на Палестинците“, додека самата Грета се соочи со критики за позирање со плишан син октопод, симбол поврзан со антисемитските политички карикатури од почетокот на 20 век

October 29, 2023 15:15
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Тврдењето на движењето „Петоците за иднината“ дека масакрот на 7 октомври на Хамас бил „вкоренет во етничко чистење на Палестинците“, Централниот совет на Евреите во Германија го оквалификува како „сурово искривување на историјата“.

Движењето што го започна климатската активистка, Грета Тунберг е обвинето за „демонизација на Израел“, откако тврдеше дека западните влади им ги измиле мозоците на граѓаните за да ја поддржат земјата, пренесува британски Телеграф.

Јозеф Шустер, шеф на Централниот совет на Евреите во Германија, го обвини движењето „ Петоците за иднината“ за ширење на теории на заговор, откако тој ја повика германската гранка да ги прекине врските со поширокото меѓународно движење.

Движењето претходно тврдеше дека западните медиуми биле „финансирани од империјалистичките влади кои стојат со Израел“.

Исто така, во пост на социјалните медиуми во средата, движењето му даде поддршка на Хамас тврдејќи дека масакрот на Хамас на 7 октомври е „вкоренет во изминатите 75 години угнетување и етничко чистење на Палестинците“.

Шустер рече дека ова е „сурово искривување на историјата, демонизација на Израел и исто така идеологија на заговор“.

Тој во интервју за германскиот весник Билд се обрати до „Петоците за иднината – Германија“, која организира студентски штрајкови, да разгледа „вистинска разделување, промена на името и прекинување на сите контакти“ со движењето,.

„Петоците за иднината – Германија“ веќе се обиде да се раздели со анти-израелските објави на социјалните медиуми на шведското движење.

На својата Икс сметка објави дека: првичниот пост го сподели „меѓународна сметка“ што „не зборува за нас“.

По масакрот на 1.400 Израелци од терористите на Хамас, Тунберг позираше на фотографии подоцна објавени на социјалните медиуми, држејќи транспарент „Правда за Палестина“.

Во друга слика на нејзината сметка на Икс, 20-годишната Швеѓанка може да се види како држи рачно напишан транспарент „застани со Газа“.

Таа, исто така, се соочи со критики за позирање со плишан син октопод, што е симбол поврзан со антисемитски теми во политичките карикатури од почетокот на 20 век.

A blue octopus is a Nazi trope for anti-semitism. A 1938 Nazi cartoon depicts the Jews as an octopus, its tentacles wrapped around the globe. Nothing to do with climate change or the Israel/Palestinian conflict. Pure, old fashioned, race hatred of the worst kind. https://t.co/fBrCih5413

— Harriet Sergeant (@HarrietSergeant) October 21, 2023

„Светот треба да зборува и да повика на непосреден прекин на огнот, правда и слобода за Палестинците и сите цивили погодени“, напиша Тунберг на социјалните медиуми.

Таа ја избриша објавата на која се наоѓа октоподот по осудата на нејзината активност на социјалните мрежи. Но, таа подоцна објави скоро идентична слика со истите четири лица кои ги држат истите знаци.

„Дознав дека полненото животно прикажано во мојот претходен пост може да се толкува како симбол за антисемитизам, за што бев целосно несвесна. Играчката на сликата е алатка што често ја користат луѓето со аутизам како начин за комуникација на чувствата “, напиша таа.

Во Германија, делувањето на владата во земјата честопати се опишува како заштита на Израел од историски причини поврзани со холокаустот.

Весникот „Таз Дејли“ соопшти дека германското крило на „Петоците за иднината“ мора „да се запраша дали навистина може да покаже солидарност со Евреите како резултат на движењето што е постојано видливо со неговиот антисемитизам“.

Израел најави дека ќе ги отстрани сите референци на Грета Тунберг од наставната програма во училиштата, откако шведскиот активист за клима изрази поддршка за Газа.

Израелското Министерство за образование соопшти дека Тунберг се дисквалификувала од „да се биде модел на едукативна улога“, откако таа беше фотографирана минатата недела, држејќи знак во кој се вели „Стои со Газа“.

„Хамас е терористичка организација одговорна за убиство на 1.400 невини Израелци, вклучувајќи деца, жени и стари лица, и киднапираше над 200 луѓе во Газа“, рече министерството.

„Овој став ја дисквалификува да биде модел на едукативна и морална улога и таа веќе не е квалификувана да служи како инспирација и едукатор за израелските студенти“.

Нејзините забелешки предизвикаа брза реакција од израелските активисти за климата, кои ја обвинија  Тунберг за оштетување на нивното движење.

Во отворено писмо до Тунберг објавено во текот на викендот, повеќе од 100 израелски активисти рекоа дека се „длабоко повредени, шокирани и разочарани“ од нејзиното „застрашувачки еднострано, лошо информирано, површно“ разбирање на конфликтот.

Рони Бруел, основачката на израелскиот форум на жени во околината, во писмото го зачуди фактот дека нејзиниот став за Израел доаѓа во „целосен контраст со вашата способност да се нурне во детали и да стигне до дното на сложените проблеми“.

Во очигледен одговор на негодувањето, во саботата Тунберг проба да го осуди нападот на Хамас.

„Оѕиде без да секаже – или така мислев – дека сум против ужасните напади на Хамас“, рече таа.

Контроверзијата се случи откако движењето „ Петоците за иднината“, започнато од училишните штрајкови на Тунберг во 2018 година, беше критикувано на почетокот на оваа година кога неговата официјална сметка на Твитер повика на крај на „Апартхејдот“ на Израел, велејќи „Јала Интифада!“

„Ние како „ Петоците за иднината“, како антиколонијално, интернационалистичко движење за климатска правда, стоиме обединети на страната на Палестинците и палестинскиот отпор против овие нехумани злосторства“, соопшти движењето.

Драган Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Tags: антисемитизамГрета ТунбергИзраелХамас
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    150 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ