• Latest

ЦГК: Најмногу пари за новогодишни пакетчиња потрошил Град Скопје, најскапи пакетчиња купила Општина Новаци

January 14, 2022

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер за желбата за терор и сценариото за уривање на американската демократија

October 10, 2026
Меморијал во близина на домот на Ана Политовскаја, Москва, 2006 (фото извор: Wikimedia)

„Путин не разбира дека луѓето имаат права“: 20 години од убиството на Ана Политковскаја, нарачателите сè уште непознати

October 9, 2026
Патување низ лавиринтот на европскиот сон (илустрација: ChatGPT / ЦИВИЛ МЕДИА)

Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади

October 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ЦГК: Најмногу пари за новогодишни пакетчиња потрошил Град Скопје, најскапи пакетчиња купила Општина Новаци

January 14, 2022 11:58
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

За разлика од откажаното украсување на градовите и општините за дочекот на Новата 2022 година, државните институции ја продолжија практиката на купување новофодишни пакетчиња за децата. За оваа цел , државните институции и општините  потрошиле 72 илјади евра.

Тендери за купување пакетчиња за новата 2022 година имале 20 институции, додека други 37 институции купиле пакетчиња без примена на Законот за јавните набавки, бидејќи вредноста на набавките била помала од илјада евра – колку што изнесува вредносниот праг под кој не важи Законот за јавните набавки, покажува истражувањето на  Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).

Сепак, и некои од институциите што спровеле тендер набавиле пакетчиња за помалку од илјада евра, но решиле тоа да го направат со примена на Законот за јавните набавки поради поголема транспарентност.

– Вкупната сума пари потрошени за пакетчиња за новата 2022 година изнесува 72.571 евро, но се очекува оваа вредност да биде уште поголема имајќи предвид дека некои институции сѐ уште ги немаат објавено договорите и вредноста на потрошените пари за оваа намена. На повеќе од две третини (68 отсто) од тендерите за набавка на новогодишни пакетчиња била добиена само по една понуда, на помалку од една третина од тендерите имало по две или три понуди. Меѓу фирмите од кои се набавувани новогодишните пакетчиња убедливо води „Колид“ од Колешино од каде се купени една четвртина од пакетчињата, се вели во истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.

Од ЦГК посочуваат дека најмногу институции купувале пакетчиња за децата на своите вработени, а помал дел купиле пакетчиња и за деца кои се наоѓаат во болница, специјални училишта и сл. Најголем дел од пакетчињата се со традиционални кондиторски производи, но има и такви со литература и материјали за цртање за деца.

– Најмногу пакетчиња, 3.274 купила Општина Кавадарци, иако со пониска поединечна цена. Блиску, според бројот на купени пакетчиња е и Општина Прилеп со 3.030. Најскапи пакетчиња, како и претходната година, и сега купила Општина Новаци, по 1.377 денари за едно пакетче. Вкупно најмногу пари за пакетчиња, односно околу 10.000 евра потрошил Град Скопје, истакнуваат од Центарот за граѓански комуникации.

Од таму нагласуваат дека некои институции купиле по неколку видови пакетчиња, поевтини и поскапи.

– Меѓу институциите кои купиле најскапи пакетчиња, покрај Општина Новаци, спаѓаат и Општина Битола по цена од 1.050 денари, Град Скопје по цена од 973 денари, М-НАВ по 853 денари и Министерството за одбрана по цена од 840 денари. Просечната цена што институциите ја платиле за едно новогодишно пакетче изнесува 566 денари, велат од Центарот за граѓански комуникации и додаваат дека поединечните цени и количините на купените новогодишни пакетчиња се познати само за оние институции кои имале тендер за оваа намена, но не и за останатите 37 кои купиле пакетчиња за пониска вкупна вредност од законскиот лимит за спроведување на тендер.

Како основа за пресметка на трошењата на институциите за новогодишни пакетчиња се земени податоците од вредноста на склучените договори за јавни набавки објавени на Електронскиот систем за јавни набавки,  појаснуваат од ЦГК.  Нема податоци дали институциите ги купиле сите договорени количини на пакетчиња. Во истражувањето се вклучени сите договорни органи во Република Северна Македонија кои имале ваков вид на набавка во 2021 година, прецизираат од Центарот за граѓански комуникации.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ