• Latest

ЦИВИЛ 7: Мултикултурализмот во работна и животна средина, недискриминација на работните места, зелена политика…

June 8, 2021

Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу: Комисијата ги анализира случаите на операција на срце, извештајот ќе биде јавно објавен

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на Гардијан

Видео со Трамп и Епштајн проектирано на замокот Виндзор пред посетата на американскиот претседател, четворица уапсени

September 17, 2025
фото: страница Убијците на Кочани

Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

September 17, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц: Завршување на војната на сметка на политичкиот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина не доаѓа предвид

September 17, 2025

Правилникот на ДИК за собирање потписи за кандидатските листи за локалните избори пред Уставен суд

September 17, 2025
Trump arriving to the UK
Source: screenshot CBS

Трамп синоќа пристигна во Велика Британија во втора државна посета

September 17, 2025
Фото: ЦУК

Активни четири пожари, изминатото деноноќие вкупно 20 пожари

September 17, 2025

Продолжен притворот за нови 48 часа на четворицата за пожарот во Трубарево

September 17, 2025
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025
фото: ЦИВИЛ

„Марш за ангелите“ во Скопје – Шест месеци без правда за Кочани

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ЦИВИЛ 7: Мултикултурализмот во работна и животна средина, недискриминација на работните места, зелена политика…

June 8, 2021 17:15
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ 7 е редовен  видео прилог на ЦИВИЛ Медиа во кој  секоја седмица се отсликуваат активностите и работата на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа. Еднаш седмично, тимот на ЦИВИЛ се осврнува на најглавните случувања во државата, како и на активностите кои редакцијата секојдневно ги извршува.

Во ова издание: мултикултурализмот во работна и животна средина, стратегијата Едно општество за сите на локално ниво, недискриминација во работните места, и изненадувањето од ДУИ.

 

ЦИВИЛ одржа јавен настан на тема „Можеме ли заедно?“ на кој стана збор за тоа кои се придобивките кога различните заедници работат и живеат заедно. На настанот учествуваа активистката Лиса Баута Шаќири, актерката Владанка Димковска и Ванчо Орданоски, сопственик на бизнис во ИТ секторот.

-Сметам дека сите почетоци за поинакво општество тргнуваат од образованието. доколку се вратат различностите во клупа, и доколку и таму нема поделба и доколку дозволиме да се учат повеќе јазици, така подобро ќе го запознаеме светот околу нас.

Вака лично не сум, најверојатно не се движам во такви кругови па да чувствувам многу големи поделби и многу големи разлики, нормално, сите сами си го бираме кругот на луѓе. Сметам дека дел од нив се политички наметнати и дека тоа ги прави разликите да бидат негативни а не позитивни и дека мора да се смени начинот на кој што се зборува за разликите дека тие се всушност наша најголема доблест и предност во светот, бидејќи е предност да живееш во мултикултурно општество. Предност е килимот да ти биде од најразлични шари и сметам дека само преку образование може да го смениме тоа за генерациите што идат, изјави меѓу другото актерката Владанка Димковска на јавниот настан на ЦИВИЛ на тема „Можеме ли заедно?“

-Јас долго време се трудам да сфатам кои се тие луѓе кои што сакаат поделби. И јас верувам во доброто во луѓето. Потребата за делба доаѓа од стравот од непознатото. Јас не познавам човек, а познавам многу луѓе, кои што биле во контакт со различни и ги мразат. Мислам дека целата таа омраза се состои во некоја предрасуда што е импонирана од, не знам дали е од родителите, од општеството, од другари и така натака, меѓутоа верувам дека тие луѓе кои што еве ги слушаме по улици, на утакмици, ги слушаме како за цела една нација имаат дури и убави песни, мелодични, посакувајќи смрт, тие немале контакт со пријател од другата страна, изјави Лиса Баута Шаќири на панелот.

-Јас сметам дека поголемиот дел од луѓето, еве и во Македонија и во околината бидејќи имаме слични проблеми, и комшииве наши и ние а и они со нас, дека живеат сосема мирно и без многу внимание на тоа кој е, што е и како е, и дека овие вештачки бариери кои се поставени се вештачки и се политички или националистички, ама национализмот во крајна линија е политика, посочи Ванчо Орданоски на панелот „Можеме ли заедно?“.

Претставниците на ЦИВИЛ  одржаа работни состаноци со претставници на Владата и локалните самоуправи. Работен состанок  со Националниот координатор за интеркултурализам, Роберт Алаѓозовски, посветен на Стратегијата „Едно општество за сите“, по што следеше и интервју.

ЦИВИЛ одржа брифинг и со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, посветен на промоцијата на европските вредности и мултикултурализмот на локално ниво, како и за спроведувањето на Стратегијата „Едно општество за сите“, по што следеше и интервју. На состанокот ни се придружи и претставничка од здружението „Инклузива“.

Резултатите од брифинзите со претставнички и претставници на Владата, локалната самоуправа, граѓанското општество и медиумите се дел од анализите и креирањето документи за политики и препораки на ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ Медиа разговараше со Исмаил Камбери, член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, за надлежностите на новото тело на Комисијата, со кои проблеми и предизвици се соочуваат, каде и во кое поле има најмногу дискриминација, како граѓан(к)ите да пријават дискриминација…

Активната транспарентност на министерствата, Владата и на општините во 2021 година изнесува 63 проценти и е подобрена за пет процентни поени во однос на минатата година, покажува годишното рангирање на институциите според Индексот на активна транспаретност што го изработува Центарот за граѓански комуникации.

За првпат сега две институции и тоа Министерството за одбрана и општина Карпош имаат максимални 100 проценти транспарентност, односно ги објавуваат сите предвидени информации.

ДУИ станува зелена партија

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) во саботата  во Градскиот парк свечено одбележа 19 години од формирањето на партијата. Свеченоста започна со уметничка програма, со изведба на свечена бина на која доминираше зелената боја, украсена со зелени балони.

Претседателот на Демократската унија за интеграција ги поздрави присутните на настанот на албански и македонски јазик.  Мотото на настанот е #Заедно  За зелена иднина. Ахмети на почетокот на својот говор истакна дека денешниот настан е на меѓународниот ден за животната средина, и всушност ја откри зелената агенда на партијата, во согласност со европската зелена агенда,  на партијата, која всушност ја најавија со носење на зелени маици неколку дена пред настанот, најавувајќи дека ќе бидат лидери на политиките на зелената агенда.

-Денес, повредата на зелената агенда и загадувањето на животната средина, е закана за безбедноста, како што е корупцијата и организираниот криминал. Затоа, Владата, општините и сите наши институции треба да се придружат, и ние се залагаме да бидеме регионални и европски лидери на политиките на зелената агенда. Добредојдовте во Демократската унија за интеграција на развојот  и работните места преку зелената агенда, во Демократската унија за интеграција која освен што се грижи за еднаквоста, развојот  евроатлантскиот дух, се грижи и за воздухот, земјата и водата, за заедничка животна средина како предуслови за квалитетен развој и живот, изјави меѓу другото Али Ахмети.

Дијана Тахири

камера: Атанас Петровски

монтажа: Ариан Мехмети 


 

Во продолжение можете да ги проследите другите изданија на ЦИВИЛ 7

Прво издание на ЦИВИЛ Седум

 

„ЦИВИЛ 7“ во знак на борбата против говор на омраза и промоција на мултикултурализмот

 

 

„ЦИВИЛ 7“ во знак на европските вредности, борбата со хибридните закани против демократијата и говорот на омраза

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    213 shares
    Share 85 Tweet 53
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ