• Latest
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

ЦИВИЛ го вклучи алармот за слободни избори

June 4, 2018
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ЦИВИЛ го вклучи алармот за слободни избори

June 4, 2018 08:00
in ВЕСТИ
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Избори, 2017 (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ го организира јавниот настан „Аларм: Слободни избори, услов за кој (не) се преговара“ утре (вторник, 5 јуни 2018) во хотел Континентал, со почеток во 13 часот. „Јавен настан посветен на граѓанките и граѓаните, правото на глас, правото на учество во одлуките, правото на слобода“ – се вели во соопштението на организацијата. 

Воведни излагања ќе имаат Хедер Роберсон Гастон (САД), Сашо Орданоски, Александар Новакоски, Сандра Гавриловска и Џабир Дерала. ЦИВИЛ јавно ги поканува претставниците на сите политички партии, институции, медиуми, организации на граѓанското општество и заинтересираните граѓанки и граѓани да земат активно учество по воведните излагања.

„Очекуваме за збор да се јават особено претставниците на помалите политички партии, како и граѓанките и граѓаните, кои се најзасегнати, да дадат активен придонес кон оваа јавна дискусија, со цел да се фрли повеќе светлина на овој процес, толку важен за периодот пред нас. Што се однесува до нас, ќе ги изнесеме фактите и препораките без пардон, како и секогаш. Оставаме на совеста и одговорноста на другите засегнати страни да постапат како што тие мислат дека е најдобро“ – изјави Џабир Дерала од ЦИВИЛ во пресрет на овој јавен настан. Тој ќе ја отвори дискусијата со презентација на препораките на ЦИВИЛ, а според најавите, тој ќе зборува и за предизвиците за изборниот процес кој ѝ претстои на земјата на почетокот на идната година.

Тимот на ЦИВИЛ ќе биде отворен и за прашања и коментари од онлајн заедницата која ќе може да го следи настанот преку социјалните мрежи. Хаштаг на настанот е #СлободниИзбори или #ZgjedhjeTeLira.

Настанот е дел од проектот „Слободни медиуми за слободно општество“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

 

Tags: алармекспертиизбориСлободни избориЦивил
Share46TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ