ЦИВИЛ, како дел од проектот „Заедниците против насилниот екстремизам“ со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје, одржа креативна работилница заедно со учениците од основните и средните училишта во Гимназијата „Гоце Делчев“, Куманово, под мотото „Заедно за иста цел“.
Околу 20 деца од повеќе средни и основни училишта во Куманово на работилницата заеднички сликаа на теми „Човекови права и слободи“, „Мир и ненасилство“, односно сѐ што симболизира мирно и здружено решавање на конфликти преку дијалог и разбирање. Работилницата ја водеа членовите на работната група за превенција од насилен екстремизам заедно со тимот на ЦИВИЛ.
ЦИВИЛ го спроведува проектот „Заедниците против насилниот екстремизам“ со поддршка од Амбасадата на САД во Скопје.