• Latest

ЦИВИЛ и Општина Чаир порачуваат: И најголемите проблеми се решаваат со дијалог

October 5, 2023

САД и Обединетото Кралство објавија нов трговски договор; За Трамп значи отворање огромен пазар, за Стармер е историски ден

May 8, 2025

Ватикан избра прв понтиф од САД; Роберт Провост е новиот папа Лео XIV

May 8, 2025

Парада на срамот и злосторството: Руските агресори не се ослободители, туку злосторници – ја присвојуваат победата над нацизмот

May 8, 2025

(ГАЛЕРИЈА)Масакрот во Корјукивка, Украина: Најбруталната казнена акција на нацистите во Втора светска војна

May 8, 2025

24 ЧАСА: Европа го одбележува Денот на Победата; Според Штајнмаер, Путин ја искривува историјата и ги крие злосторствата; Вучиќ „му фрли ракавица“ на Брисел

May 8, 2025

Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

May 8, 2025

Дурмиши повторно предупредува: Доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи ќе се преземат поригорозни мерки

May 8, 2025
Фото: Фејсбук на Апасиев / Левица

Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

May 8, 2025

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

May 8, 2025
Фотографија: Wikipedia

Штајнмаер: Со воената агресија на Путин, болно е да се признае дека ослободителите на Аушвиц станале новите агресори

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

ЦИВИЛ и Општина Чаир порачуваат: И најголемите проблеми се решаваат со дијалог

October 5, 2023 17:19
in МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ, во соработка со градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, на 3 октомври одржа средба на тема „Граѓански дијалози за меѓуетничките односи: Предизвици и решенија“. Ова е дел од серијата активности на организацијата во повеќе општини низ земјата, каде што во претходниот период се одржаа и повеќе подготвителни средби, на кои стана збор за локалните специфики, состојбите, институционалните капацитети и можностите за соработка во областа на развојот на мултикултурализмот на локално ниво.

Во Чаир, покрај градоначалникот Ганиу, кој на присутните им се обрати со воведен говор на македонски и албански, на настанот учествуваше и претседателот на советот на Општина Чаир, Јетмир Асани, како и членови на советот, граѓански организации и лидери во заедниците.

Серијата настани „Граѓански дијалози за меѓуетничките односи: Предизвици и решенија“ е дел од проектот „Заедно за подобра иднина“, кој ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од МНР на Големото војводство Луксембург.

„Граѓански дијалози за меѓуетничките односи: Предизвици и решенија“ фотографија: Игор Чадиноски

Средбата почна со кратко излагање на Дијана Тахири од ЦИВИЛ која, во својство на модераторкаи, го претстави проектот, работата и целите на организацијата во доменот на мултикултурализмот, антинационализмот и борбата против дискриминацијата.

„Ние работиме на промоција на мултикултурализмот, интеркултурализмот, детектираме дискриминација, одржуваме јавни настани како што се панели на кои се дискутира за многу важни теми, како што е, на пример, дискриминацијата при вработување, дискриминација врз основа на пол, етничка основа, и по сите други основи кои може да постојат“, рече Тахири од ЦИВИЛ.

Таа ги информира присутните за низа други активности на ЦИВИЛ во проектот, како што беше и спроведувањето на истражувањата преку фокус групи, со различни возрасни групи. Таа го сподели и наодот на ЦИВИЛ дека резултатите од истражувањата покажале дека национализмот е длабоко всаден во кај заедниците, дури и кај оние групи кои се декларираат или се прифатени како прогресивни.

Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, во своето воведно обраќање се осврна, меѓу другото, и на системската дискриминација, потсетувајќи дека таа подразбира постапки и практики кои припадниците на различни општествени групи или заедници ги става во подреден позиција по разни основи во рамки на институциите. На пример, тоа може да бидат процедурите кои траат подолго за едни, а пократко за други, па дури и процедури кои за едни се покренуваат, додека за други воопшто не важат.

„Тешко е во ова време да се зборува за решенија особено кога проблемите, предизвиците се толку големи. Почнувајќи или завршувајќи, како сакате, со жестокиот безбедносен инцидент во Косово, кој предизвика бранови од пропаганда и се разбира националистички наративи во медиумите и во социјалните мрежи, па сѐ до она што се нарекува системска дискриминација. Под системска дискриминација се подразбира, дури и ненамерно дискриминирање на луѓето по различни основи“, рече Дерала.

Според ЦИВИЛ, како што рече и претседателот на организацијата, важно е да се разбере дека меѓуетничките и меѓуверските односи се суштината на стабилноста и безбедноста на државата.

„Меѓуетничките и меѓуверските односи се суштината на стабилноста, па ако сакате и безбедноста на државата. Кога зборуваме за системска дискриминација, тоа е последица од структурни, од културни, од менталитетски и од други причини кои придонесуваат кон тоа еден дел од луѓето кои се во одредена заедница, да се чувствуваат дискриминирани, дури тоа да не се на некои свесни нивоа, што е многу проблематично во оваа системска дискриминација. Таа најчесто поминува незабележано, а ако вие ја адресирате, веднаш од другата страна ќе имате едно чудо оправданија кои ќе звучат доста логично и разумно, па вие ќе слегнете со раменици и така продолжувате со животот со генерации“, посочи Дерала.

Џабир Дерала, „Граѓански дијалози за меѓуетнички односи: Предизвици и решенија“, општина Чаир, 3 септември 2023 год. фотографија: Игор Чадиноски

Понатаму, Дерала посочи за наследената култура на однесување во општеството, како дел константната системска дискриминација во форма на вообичаено општествено однесување, поттикнувано од одредени центри на моќ.

„Тоа се всушност начини, или култура на однесување кои се протегаат уште од претходните децении. Меѓутоа, оние делови во литературата во кои се зборува дека тоа не е на свесно ниво, а јас не се согласувам со тоа. Длабоката држава, како во поранешната федерација, така и одредени центри на моќта во сегашноста, не е битно дали тоа било на Балканот, во Југославија, сега во Северна Македонија или во САД – имате ситуација каде одредени центри на моќта ја одржуваат  оваа системска дискриминација жива и ажурна, затоа што ним им одговара таквиот начин на живеење, рече Дерала.

Како пример за тоа како се одржува таа култура на однесување и комуникација заедниците, Дерала го спомена и хуморот во кој има генерализации и предрасуди, а кои може да послужат како алатка за одржување на таа системска дискриминација.

„На пример, во нашите услови, вицевите за Мујо и Хасо – тоа е една состојба во која вие имате постојано одржување на системска дискриминација, врз основа на некој ‘невин’ хумор кој се шири меѓу луѓето, вицевите за Ромите, вицевите за Албанците, веројатно има и вицеви и за Македонци меѓу сите заедници кои ги спомнав. Тоа се комуникациски алатки со кои се одржува таа системска дискриминација и во други области – вицеви за жените дека не знаат да возат итн.“, објасни Дерала.

Тој се осврна и на последиците од дискриминацијата врз здравјето на луѓето.

„Постојат истражувања, постојат веќе и докази, медицински докази, дека системската дискриминација, систематската, директната и индиректната дискриминација, го нарушуваат здравјето на луѓето, менталното и физичкото. Постојат докази веќе многу добро познати во академската јавност, а помалку познати, за жал во пошироката јавност, дури и меѓу невладините организации од каде што доаѓаме ние. Дури и канцерот може да биде последица континуирана дискриминација, како и низа други ментални и физички пореметувања или здравствени предизвици кај луѓето, кои произлегуваат од стресот, токму поради дискриминацијата.

Што се однесува до решенијата, повеќето присутни на средбата се согласија дека се потребни сериозни и длабоки зафати на системски нивоа, како и дијалог меѓу различните чинители во општеството и во институциите.

„Меѓуетничките односи, негувањето на мултикултурализмот, но во доследна, суштинска, континуирана и искрена форма може да ја одржи било која земја, не само Северна Македонија, стабилна и да и даде простор да се развива, да стане побогата од тоа што е“, рече Дерала.

Тој предупреди и дека, ако не се развива земјата во тој правец, не можете да се очекува стабилност, подобар стандард, напредок, а ниту земјата ќе биде побогата, ниту луѓето ќе бидат среќни.

„Имате Влада која декларирано зборува за развој ма мултикултурализмот меѓуетничките односи. Тоа е добар почеток. Но ако вие не почнете да спроведувате искрено и системски, па нека е и со многу пари, тогаш не сте отишле многу далеку, од она што било претходна пракса. Во случајов, имате неколку институции кои на многу видлив начин тоа и го прават. Сепак, сè уште сме на ниво на декларации. Чекори се преземени, да бидеме искрени. Имате национален координатор за развој на мултикултурализмот, имате цело министерство за политички систем и односи помеѓу заедниците, кои имаат обврска на дневна основа, да вложат максимум за ова што јас го зборувам – да го спречат. Да спречат понатамошно нарушување, сегрегација, поларизација, безбедносни инциденти и тензии и, се разбира, нарушување на здравјето, масовно нарушување на здравјето на луѓето, ментално и физички“, посочи Дерала.

Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу во своето обраќање посочи дека Чаир како една од најмултикултурните општини во земјата, и дека наоѓа начини за спречување на дискриминацијата и правичната застапеност што се однесува до етничките заедници. Тој истакна дека општината и досега и во иднина е отворена за соработка со ЦИВИЛ во оваа област. И тој ја истакна потребата од искреност, наспроти декларативните заложби.

„Сме имале моменти кога декларативно и со полна уста сме имале мото од типот ‘Заедно’, ‘Без дискриминација’ и слично, но во реалноста се работело на нешто друго. И сакам да се поврзам со она што го кажа  г. Џабир, дека не можеме парцијално да ги решиме овие работи. Не само со територии и општини, и проект да биде успешен само во една општина, а тоа да се одрази во цела Македонија. Овие проекти треба да бидат во вниманието на целата држава и сите да ги насочиме стрелките во оваа насока, доколку сакаме да имаме успех во оваа насока. Драго ми е што општина Чаир е активна во овие проекти и се докажа во изминатите периоди од формирањето, односно новата територијална поделба, како и сега, со раководството на општината од моја страна. Ние го прифативме секој ваков проект, но, освен проектот, имаме и наши главни столбови или постулати како треба да функционира оваа општина. И во таа насока инвестиравме и ни е рутина“, рече градоначалникот Ганиу.

Тој се осврна на податоците од последниот попис, според кој општината брои околу 62.000 жители. Чаир е една од најгусто населените општини, не само во Македонија, туку во Европа, а тоа има и свои специфичности. Според Ганиу, кога една општина е толку густо населена, дури и да е 100% од една националност, се јавуваат проблеми од друга природа.

„Овде имаме мултинационална општина, а во однос на дискриминацијата или поплаките, сеништето на меѓуетничките проблеми, во годините колку што јас сум градоначалник, не сме имале ниту еден случај што отишол во таа насока. Може да имаме многу други поплаки, во однос на инфраструктурата, во однос на работењето“, вели градоначалникот на Чаир.

Тој го истакна проблемот со децентрализацијата. Според него, со години се говори за децентрализација, но не се овозможуваат соодветни ингеренции, туку тие остануваат во рацете на централната власт, а во случајот со скопските општини, дополнително се отежнуваат работите со ингеренциите што ги има Градот Скопје, што значи дека има две нивоа на организација.

Овие состојби особено се однесуваат на располагање со финансиите. Проектите често остануваат само на хартија, бидејќи тие не може да се реализираат без финансии.

Висар Ганиу, „Граѓански дијалози за меѓуетнички односи: Предизвици и решенија“, општина Чаир, 3 септември 2023 год. фотографија: Игор Чадиноски

Ганиу сподели лични искуства со кои ги илустрираше предизвиците во областа на меѓуетничките односи и дискриминаторните наративи во односите меѓу заедниците.

„Како ученик сум бил единствениот Албанец што учи на македонски јазик. И навистина, после извесно време, многу од другарите, односот на професорите беше во најдобар ред, но, често се случуваше да ми кажат дека имале друго мислење за Албанците, но дека јас не сум ист како другите. Тој збор на некој начин ме навредуваше. Бидејќи јас не сум друг или посебен човек, јас сум тој Албанец што одев од тие населби, од тие семејства, и не бев ‘друг’. Поради одвоената комуникација, тие имаа наметнато мислење. И затоа, преку вакви проекти, треба што повеќе да се зближиме, што повеќе да покажеме дека сите може да напредуваме заедно. Тоа за нас е единствена формула. Друга формула нема“, порача Ганиу.

Ганиу кажа дека во Општина Чаир, освен албанскиот и македонскиот јазик, официјални јазици се и турскиот и бошњачкиот. Според него, важно е да се оди кон целта, но сите заедно, не со парцијални решенија. Не може, вели тој, една општина да работи во оваа насока, а во друга тоа да не се случува.

„Ако немаме таква идеја, и таков ветер што ќе не носи до целта, не може да стигнеме сами. Ние сме според пописот, околу 67 отсто Албанци, 5,3 отсто Македонци, 6,7 проценти Турци, Бошњаци 2,53, Роми 1,33, Срби 0,3 проценти, Власи итн. Овие бројки за нас се само бројки. И не треба да се вртиме околу бројките, и некој да има права околу бројките. Тоа како општина сме го покажале на дело, и ниту Уставот, ниту никој, не нè принудува турскиот да е службен јазик во општина Чаир. И нивното знаме. Ние доброволно, со советниците кои се од повеќе гарнитури, доброволно и едногласно сме гласале да биде службен и турскиот јазик. И дали сме изгубиле нешто? Воопшто не сме. Само што тој народ се приближил, се почувствувал дека е рамноправен со другите. Исто така, освен овие три јазици, пред две-три години, службен јазик стана и босанскиот јазик. Бошњачката заедница ги има сите права како македонската, турската, албанската заедница. Навистина во тој дел многу сме инвестирале, но не со зборови. Практично, директно и без да ги двоиме луѓето. А ќе завршам со една изрека, заедно со Јетмир бевме во Америка, околу ова. – говорот на омраза, како да се справуваме со деструктивните појави во општеството, и многу ми се допадна една изрека која ја запишав на лице место додека разговаравме таму, кога градоначалникот на Њујорк, рече – ‘Децата не пренесуваат говор на омраза генетски’. Кога се раѓаат, тие се чисти, говорот на омраза некој им го вметнува. И ние се бориме да го отстраниме тој говор на омраза. Не е нешто генетски, туку е нешто во кое некој инвестира, за различни цели, а последиците ги гледаме ние“, рече градоначалникот Ганиу.

Градоначалникот на Чаир изрази искрена поддршка за програмите и проектите каков што е овој на ЦИВИЛ, бидејќи смета дека е многу битно да се водат дискусии на овие теми. Тој кажа дека општината соработува со сите невладини организации, како и со државните институции.

„Навистина, ние секогаш ќе ви бидеме поддршка во реализација на вакви програми, и убеден сум дека сите овие активности ќе вродат плод“, порача Ганиу.

Дискусијата обилуваше со кратки излагања и од другите учесници на средбата, а беа поставени и голем број прашања.

Стана збор и за практичните чекори во претстојниот период, кога Општина Чаир и ЦИВИЛ заеднички ќе организираат награден ликовен конкурс на тема „Заедно за подобра иднина“ во основните училишта во општината.

Заклучок од оваа средба беше дека и најголемите проблеми се решаваат со дијалог меѓу сите чинители, но и со учество на граѓанките и граѓаните.

Дијана Тахири
Камера и фотографија: Игор Чадиноски
Монтажа: Ариан Мехмети 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Висар ГаниуЗаедно за подобра иднинаЦивилЧаир
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ