ЦИВИЛ – Центар за слобода и Општина Тетово денеска потпишаа Меморандум за соработка против насилниот екстремизам. Меморандумот го потпишаа Џабир Дерала, во име на ЦИВИЛ и градоначлничката на Тетово, Теута Арифи.
„Ние како организација, во соработка со надлежните институции, ќе се обидеме да ја зајакнеме јавната свест кај граѓанките и граѓаните за опасностите од насилниот екстремизам и да придонесеме кон превенцијата, како и кон разбирање на сите мотиви кои би воделе кон радикализација на младите и други поединци или групи во општеството. Мирољубивото и ненасилно комуницирање со институциите е тоа што ние го нудиме како замена за насилниот екстремизам“ – реќе Џабир Дерала, ЦИВИЛ.
Градоначалничката Арифи потенцираше дека Тетово е дел од мрежата „силни градови“ (Strong Cities) и дека само преку дилајог и разбирање се доаѓа до соодветно решение.
По потпишувањето на Меморандумот, се одржа и работна средба на тема „Заедниците против наслиниот екстремизам“ на која учествуваа претставници на училиштата, полицијата, граѓанскиот сектор и претставници на институции што работат на оваа проблематика.
Претставниците на ЦИВИЛ на учесниците им го презентираа проектот чија цел е да се придонесе кон јакнење на отпорноста на локалните заедници против насилниот екстремизам, преку формирање на работни групи во заедниците, граѓанска едукација и јакнење на јавната свест.
Настаните се во рамки на проектот „Заедниците против насилниот екстремизам“, кој е поддржан од Американската амбасада во Скопје.
Досега ЦИВИЛ потпиша Меморандум за соработка против насилниот екстремизам со Министерството за внатрешни работи и со Општините Куманово, Велес и Гази Баба.
Дехран Муратов
Фотографија: Ангела Петровска