• Latest

ЦИВИЛ, институциите и заедниците во долгорочна и мултидисциплинарна акција против насилниот екстремизам

November 18, 2018
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ја поништи кандидатската листа за советници за Град Скопје на ДНЕТ, гласовите ќе се сметаат за неважечки

October 18, 2025
Фото: МВР

Претрес во село Согле, општина Чашка поради сомнение за сторено кривично дело „поткуп при избори“

October 18, 2025

Селими: Владата ги урива двата столба на државата – меѓуетничките односи и европската интеграција, со што ја доведува во прашање самата демократија

October 18, 2025

Жител на Ваташа приведен поради уништување плакати на политичка партија на кавадаречко подрачје

October 18, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК: Исправена е печатната грешка, гласањето на болните во Општина Ново Село се одвива непречено

October 18, 2025
Фотографија: ВИ

За локалните избори се акредитирани 1451 набљудувач – 807 домашни и 644 странски

October 18, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

October 18, 2025

Андонов: За да се заштити демократијата, потребна е демократизација на партиите и политичките структури

October 18, 2025
Креирано со помош на ВИ

„Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

October 18, 2025

Денеска гласаат затвореници, лица во домашен притвор, болни и немоќни лица и лица во старските домови

October 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ЦИВИЛ, институциите и заедниците во долгорочна и мултидисциплинарна акција против насилниот екстремизам

November 18, 2018 17:40
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода во мај потпиша Меморандум за соработка со Министерството за внатрешни работи во борбата против насилен екстремизам и тероризам.

Меморандум за сорабтка во борбата против насилниот екстремизам меѓу ЦИВИЛ и МВР, мај 2018

Меморандумот со кој ЦИВИЛ и МВР се обврзаа да работат заеднички на едукација и превенција од радикализмот, насилниот екстремизам и тероризмот, беше одлична можност да се пристапи кон конкретни активности во навремено реагирање на говорот на омраза и насилство. Ова во тој период особено беше важно со очекувањата дека претстојниот референдум и неговата исклучителна политичка важност.

ЦИВИЛ започна со проектот „Заедниците против насилниот екстремизам“ со поддршка од Амбасадата на САД во Скопје во јуни, годинава.

Во првиот дел од проектот ЦИВИЛ ги истражуваше и ги мапираше факторите што влијаат на радикализација и опасностите од појава на насилен екстремизам, а направи и селекција на неколку општини во кои ќе соработува со локалните власти, инситуциите и со граѓан(к)ите, соодветно на обемот на проектот и капацитетите на организацијата. Во секој случај, проектот се спроведува и на национално и на локално ниво, а се планира и координирање и соработка со Националниот комитет за спречување на насилниот екстремизам и борбата против тероризмот. Соработката со локалните заедници има цел да се приберат искуства и предлози за начините како да се спречи насилниот екстремизам во поширок контекст.

Во септември ЦИВИЛ имаше работна средба со МВР на која се презентираа и се споделија дотогашните сознанија.

Работна средба ЦИВИЛ – МВР, септември 2018

На таа средба, Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, зборуваше за важноста за обезбедување на еден спокоен, цивилизиран амбиент, ослободен од секаков облик на закани или омраза што би можеле да реперкуираат со последици по правото и слободната волја на секој наш граѓанин во најширока смисла на зборот, а секако и во контекст на Референдумот што се одржа на крајот на тој месец (30 септември).

Во септември, ЦИВИЛ подготви три препораки што произлегоа од истражувањата во првата фаза на проектот „Заедниците против насилниот екстремизам“. Првата препорака се однесуваше на потребата од мултидисциплинарни акции и пристапи во борбата против насилниот екстремизам.  Втората препорака беше дека јакнењето на јавната свест и граѓанската едукација треба да стане дел од нашето секојдневие, бидејќи во она што се нарекува говор на омраза може да се кријат потенцијали за радикализација и за насилни инциденти што можат да ја загрозат безбедноста. На заедничката прес конференција на ЦИВИЛ и МВР, Џабир Дерала потенцираше дека говорот на омраза е почетна форма на насилство што може да доведе до екстремизам и загрозување на безбедноста. „На повиците на насилство и говор на омраза треба да се одговори со позитивни пораки и отворен, конструктивен дијалог“ – додаде Дерала на таа прес конференција.

ЦИВИЛ одржа и три работни средби со заедниците во општините Чаир, Велес и Гази Баба на тема „Заедниците против насилниот екстремизам“. На средбите учествуваа највисоките претставници на локалната власт и полицијата на општинско ниво, како и претставници на заедниците, меѓу кои и наставен кадар, стручни служби и директори на училиштата, претставници на ученичките заедници, психолози, социјални работници, педагози, активисти на граѓанските организации и родители. Тие разменија информации и ставови за состојбите во општините.

ЦИВИЛ беше организатор и на една општинска презентација и со американскиот експерт за борба против насилниот екстремизам и градење на мир, Пол Тарнер, во општина Чаир.

Работна средба во Велес, на говорницата е градоначалникот Аце Коцевски, октомври 2018

Тарнер истакна дека целта е првенствено превенцијата, а не реакцијата откако веќе ќе избие насилниот екстремизам. Учесниците, пак, преку лични примери, во контекст на областите кои ги работат, ги пренесоа своите заложби за подобрување на состојбите во нивната заедница. ЦИВИЛ Медиа направи и едно опширно интервју со Тарнер, што ќе биде објавено деновиве.

Учесниците на работната средба во Велес зборуваа во контекст на проблемите во образовниот систем и неможноста наставниците и професорите да ја насочат својата енергија кон препознавање на симптомите за насилен екстремизам кај децата и младите. Претставниците на полицијата што бел дел од велешката работна средба ја истакнаа потребата од превенција, како и поголема вклученост на центрите за социјални работи.

Во Гази Баба беше организирана најпосетената општинска средба. На оваа средба учество зедоа и претставнички на градинките кои ја истакнаа потребата од превенција кај децата уште во најраните години. Нивна препорака беше да се вклучат и родителите кои најчесто не прифаќаат дека нивното дете е насилно.

Борис Георигевски, градоначалник на Гази Баба и Џабир Дерала, ЦИВИЛ, ноември 2018

Во рамки на проектот предвидени се уште работни средби и тоа во Куманово, Липково, Тетово, Теарце, Струга и други. За претставниците на ЦИВИЛ е важно да се истакне дека со континуирана соработка на сите нивоа и на сите сектори на оштеството и системот, со мултидисциплинарен пристап, може да се обезбеди превенција против насилниот екстремизам. „Кога ќе дојде работата до тоа да повикате 192 (полиција), тогаш е веќе доцна. Мораме да се справиме со екстремизмот и радикализмот во нивните рани форми или, пак, уште пред да се појават, да создадеме заедници што не се инфицирани со омраза и насилство“ – рече Дерала на средбата во општина Гази Баба.

Во наредниот период, ЦИВИЛ ќе работи на формирање работни групи во заедниците што ќе подготват планови за активности против насилниот екстремизам во повеќе општини низ Република Македонија, а на национално ниво, во тек се подготовки за презентација на вториот сет препораки за борба против насилниот екстремизам, а се планираат и заеднички активности со Националниот комитет за спречување на насилниот екстремизам и борбата против тероризмот.

Преку анализи и препораки, меѓусекторска соработка и партнерства и учество на заедниците, ЦИВИЛ ќе придонесе кон идентификација на факторите за радикализација на индивидуи и групи, разбирање и препознавање на потенцијалите за насилен екстремизам, како и промовирање на ненасилни начини на критика и протест.

Биљана Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Share40Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ