• Latest

Радикализмот се интезивира во Македонија, ЦИВИЛ и МВР во акција!

September 5, 2018

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Радикализмот се интезивира во Македонија, ЦИВИЛ и МВР во акција!

September 5, 2018 16:50
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Претставници на невладината организација ЦИВИЛ – Центар за слобода остварија работна средба со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и националниот кооридинатор за борба против насилниот екстремизам и тероризам, Борче Петровски, на која разговараа за насилнот екстремизам и тероризам како глобален проблем, поврзан со релативно поновиот феномен – говорот на омраза, неговото интензивирање пред претстојниот референдум, како и решенијата на проблемот.

„МВР и ЦИВИЛ имаат извонредна соработка за што впрочем сведочи и меморандумот за соработка што ние како две институции го потпишавме и кој што ни отвори една широка нормативна рамка за превентивно делување на многу полиња од заеднички интерес.  Во тој поглед и денешната дискусија околу насилниот екстремизам и говорот на омраза“, истакна Спасовски.

На средбата се разговараше и за претстојниот референдум и мерките кои се преземаат за да се обезбеди граѓаните мирно и слободно да го исполнат своето граѓанско право.

„Разговаравме и за претстојното  референдумско изјаснување и  важноста за обезбедување на еден спокоен, цивилизиран амбиент ослободен од секаков облик на закани или омраза, што би можеле да реперкуираат со последици по правото и слободната волја на секој наш граѓанин при претстојното гласање, нагласи Спасовски.

Тој наведе дека тоа претставува уште еден доказ за нивната решеност заеднички со граѓаните да дејствуваат, како превентивно, така и на креирање на идеи, концепти и програми кои ќе доведат до пооптимални решенија за сите горливи проблеми во македонското општество.

Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, истакна дека на говорот на омраза треба да се возврати со насмевка и дека не смее во ниту еден случај да се возврати со говор на омраза, а уште помалку со насилство.

„Ние би сакале да истакнеме три препораки кои се навистина важни. Прво, мултидисциплинарниот приод кон насилниот екстремизам, како најдобро решение за борба против него.  Втората препорака е дека јакнањето на јавната свест и граѓанската едукација треба да стане дел од нашето секојдневие, бидејќи во она што се нарекува говор на омраза може да се кријат потенцијали за навистина страотни настани, страотни инциденти кои можат да однесат човечки животи“, потенцираше Дерала.

Тој упати апел тоа да стане дел од секојдневието, почнувајќи од денеска. Побара граѓаните да се воздржат од говор на омраза, бидејќи тоа може да доведе до натамошни проблеми и опструкција на фундаменталното право, правото на глас.

„Говорот на омразата и заканите против луѓето кои сакаат слободно да се изразат на референдумскиот процес се навистина сериозна опструкција на демократскиот процес, се кривично дело и се неприфатливи“, истакна Дерала.

Тој го повика Основното јавно обвинителство да постапи во сите случаи во кои ќе се забележи говор на омраза, а особено за заплашување и насилство против они кои сакаат слободно да се изразат на референдумот.

„Без разлика дали ќе гласаат „за“ или „против“ не е важно, битно е никој да не им попречува да си го остварат правото на глас.

МВР и ЦИВИЛ – Центар за слобода во наредниот период ќе соработуваат во полето на превентивните мерки за спречување на насилениот екстремизам и тероризам. Работната средба е дел од проектот CAVE кој се имплементира со поддршка на  Американската амбасада.

Дехран Муратов
Камера: Атанас Петровски

Tags: говор на омразаМВРнасилен екстремизампревенцијаработна средбатероризамЦивил - Центар за слобода
Share20TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ