• Latest

ЦИВИЛ најостро го осудува сексистичкиот, мизоген и деградирачки однос и говор на омраза кон министерката Петровска, како и кон секоја жена и девојка

March 11, 2022

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

ЦИВИЛ најостро го осудува сексистичкиот, мизоген и деградирачки однос и говор на омраза кон министерката Петровска, како и кон секоја жена и девојка

March 11, 2022 15:24
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Говорот на омраза и навредите кон министерката за одбрана Славјанка Петровска со месеци не престанува, дури во последните денови е зајакната, со крајно навредливи и деградирачки коментари од одредени профили на социјалните мрежи.

На социјалните мрежи постојано ја навредуваат Петровска во однос на нејзината телесна тежина, со крајно навредливи и деградирачки изрази.

Сексистичките и мизогени коментари продолжија по посетата на Петровска во Велика Британија, затоа што била пречекана со поздрав на македонски јазик и дека британската гарда и ја отсвири „Јовано, Јованке“.

Во однос на изјавите на министерската Петровска на почетокот на војната во Украина поврзани со НАТО,  кон неа беа упатувани коментари со експлицитен и деградирачки говор на омраза.

Јавното понижување трае со месеци, а надлежните институции молчат. Досега реакции пристигнаа од ЦИВИЛ кој реагираше прв, а денеска реагираа од „СоНеаСме“, односно Ирена Цветковиќ од Маргини објави принтскрин колаж од навреди упатени кон Петровска и јавно ја поддржа, а на поддршката и се придружија и голем број жени активистки за човекови права.

Во реакцијата на #СоНеСме се наведува:

„Застануваме солидарно зад Славјанка Петровска, зашто ниедна жена не треба да биде мета на родово базиран говор на омраза. Изминатиов период повторно гледаме што сѐ ѝ се случува на една жена која има јавна професија и професионално си ја извршува работата. Сè додека јавноста ги гледа жените единствено низ сексистичка призма, ниту ќе видиме повеќе жени на одлучувачки позиции, ниту ќе се искорени објективизацијата на жените во сите полиња на нејзиното постење“.

принт скрин колаж – говор на омраза кон министерката Славјанка Петровска

По оваа реакција, поддршка на Петровска дадоа и сопартијките Радмила Шекеринска и Мила Царовска кој на своите профили на социјалните мрежи. Но, освен нивната јавна осуда, изминативе шеесетина денови ниту еден политичар не излезе да каже јавно или да повика, барем меѓу својот електорат и поддржувачи  на воздржување од вакви коментари, освен Димитар Апасиев од Левица, по изборот на новата Влада во јануари година се огласи со коментар.

ЦИВИЛ најостро го осудува крајно сексистичкиот, мизоген, деградирачки и нечовечки однос и говор на омраза, во случајов кон министерката Славјанка Петровска, како и кон секоја жена и девојка, на, и вон социјалните мрежи. ЦИВИЛ постојано ги повикува институциите да преземат соодветни и остри мерки кон секој што произведува говор на омраза, како и граѓанките и граѓаните кои очигледно лесно подлегнуваат под организираната хајка со крајна омраза врз родова основа кон јавни личности, но и кон сите жени што не се изложени директно во јавноста.

Д. Т. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ