• Latest

ЦИВИЛ: НЕ за говорот на омраза и насилството на протести

July 6, 2022

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА СООПШТЕНИЈА

ЦИВИЛ: НЕ за говорот на омраза и насилството на протести

July 6, 2022 13:36
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, СООПШТЕНИЈА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ најостро го осудува насилството и говорот на омраза на протестите што се одржуваат под мотото „Ултиматум, не благодарам“, против европскиот предлог за пристапните преговори за членство на Северна Македонија во Унијата, протести кои требаа да бидат граѓански, но повеќе од очигледно е дека се оркестрирани од одредени опозициски политички партии.

Протестот како израз на незадоволство и укажување е неприкосновено човеково право, и како такво, треба да се почитува. Но, кога граѓански протести се користат од одредени центри на моќ за демонстрирање насилство, говор на омраза по етничка основа, навреди и повици на смрт, за свои интереси кои се исклучително деструктивни за општеството и државата,  тогаш се рушат темелите на демократијата врз која се гради и надградува општеството.

ЦИВИЛ ги повикува лидерите на политичките партии да се воздржат од поттикнување и повици за насилни дејствија и  говор на омраза. Со насилство не се решава ништо, а со говор на омраза кон сограѓани, само се поттикнува политичко насилство. Тоа е неприфатливо и спротивно на законите на јавниот интерес.

ЦИВИЛ апелира до одредени медиуми да не поттикнуваат омраза со дезинформации, лажни вести и поделеност, а до надлежните институции, да ја исполнат својата законска обврска да ги заштитат јавниот интерес, мирот и безбедноста и соодветно да ги санкционираат сите активности што излегуваат надвор од рамките на гарантираното право за мирен протест.

Што се однесува до органите за јавен ред и мир, ЦИВИЛ повикува на достоинствено и професионално извршување на задачите, и да не потклекнуваат на провокации.

ЦИВИЛ повикува: Одбијте го насилството и говорот на омраза!

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result