• Latest

ЦИВИЛ поднесе пријава за предвремено започнување на изборната кампања

April 3, 2019
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ЦИВИЛ поднесе пријава за предвремено започнување на изборната кампања

April 3, 2019 14:29
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода ја информира јавноста дека до Државната изборна комисија достави пријава за кршење на Изборниот законик. Се работи за случајот со претседателската кандидатка Гордана Силјановска – Давкова и политичката партија ВМРО-ДПМНЕ кои на ден 25.03.2019 година одржаа организиран јавен настан во Штип на кој е претставена учесничката во изборната кампања, што претставува предвремено започнување на изборната кампања, спротивно на Изборниот законик.

Според член 69-а од Изборниот законик, за изборна кампања се смета јавно собирање и други јавни настани организирани од страна на учесникот во изборната кампања, јавно истакнување на плакати, видео презентации на јавни места, изборно медиумско и интернет претставување, дистрибуирање на печатените материјали и јавно претставување на потврдените кандидати од надлежни изборни органи и нивните програми. Изборната кампања започнува 20 дена пред денот на изборите и во првиот и во вториот круг на гласање не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот на изборите.

И покрај тоа што согласно член 8-а став 2 од Изборниот законик, под забрана за одржување на јавни настани не се подразбира особено давање на изјава на носител на јавна функција или кандидат за носител на јавна функција, во конкретниот случај не станува збор само за давање на изјава од страна на претседателската кандидатка, туку за промовирање на истата и не станува збор за митинг, во отсуство на прецизен правен термин за вообичаениот јавен настан, организиран од  учесниците во изборната кампања. И покрај тоа што настанот е организиран во просториите на ОК ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните имале сознанија за тоа дека на тоа место ќе биде претставена претседателската кандидатка Гордана Силјановска – Давкова.

Од овие причини, ЦИВИЛ побара од ДИК, во согласност со надлежностите, да ги испита наводите, да постапи по пријавата во рок не подолг од 7 дена од денот на поднесувањето и да ја извести организацијата за дејствијата што ќе ги преземе. ЦИВИЛ ја поднесе пријавата по електронски пат на 1 април, а во печатена форма на 2 април.

Share24TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ