• Latest

ЦИВИЛ, заедно со граѓанките и граѓаните, решително против лажните вести и говорот на омразата

August 12, 2020

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА

ЦИВИЛ, заедно со граѓанките и граѓаните, решително против лажните вести и говорот на омразата

August 12, 2020 16:34
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ГРАЃАНСКА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да пријавуваат случаи на различни облици на кршење на човековите права и слободи, лажни вести и говор на омраза, како и низа други негативни појави, политики и практики. Во овој прилог е објавен формуларот за пријава, како и информации за активностите и кампањите на Организацијата.

ЦИВИЛ како организација за човекови права и слободи веќе со години се ангажира во борбата против лажните вести, дезинформациите и говорот на омразата. Анализите и прогнозите во Организацијата упатуваа на тоа дека во периодот пред одржување на предвремените парламентарни избори, но и во постизборниот период, општеството ќе се соочи со црната кампања. Општо земено, важните интеграциски и реформски процеси и настани често ги придружуваат пропагандни активности на центрите на моќта чии цели се спротивни на стратешките интереси Република Северна Македонија.

ПРИЈАВА

ЦРНА ПРОПАГАНДА Во политичката пропаганда во Северна Македонија се бележат најразлични облици својствени и на хибридните закани врз демократијата, како што се продукцијата и ширењето на лажните вести и дезинформациите, како и поттикнување на говорот на омразата и повикување на насилство врз основа на политичка, етничка, верска, родова или друга припадност. Оттаму, очигледна беше потребата да се зајакнат активностите на ЦИВИЛ во оваа сфера, со цел да се зајакне јавната свест за овие појави.

ПРИЈАВА

МОНИТОРИНГ ДЕСК Како дел од поширокиот тим за мониторинг на ЦИВИЛ, се формира и посебен Мониторинг деск за следење на лажните вести, дезинформациите и говорот на омразата на социјалните мрежи и во медиумите. Воедно, драгоцена беше комуникацијата и соработката со граѓанките и граѓаните, па така и во овој период организацијата беше отворена за нивните пријави.

ПРИЈАВА

МЕДИУМСКИОТ и истражувачкиот тим на ЦИВИЛ секојдневно објавуваат извештаи за своите наоди за ширењето на лажните вести и говорот на омразата, ги откриваат и разобличуваат изворите и дистрибутерите на деструктивното дејствување. Само една од многуте информативни медиумски содржини е видео прилогот Рефлектор. Овие теми се застапени и на прес конференциите на ЦИВИЛ кои се одржаа во овој период, а кои се објавени на видео каналот на ЦИВИЛ.

Креативните тимови собрани околу организацијата подготвија и објавија повеќе аудио и видео спотови на медиумската платформа на ЦИВИЛ, како и на низа други национални и локални електронски медиуми и во дневниот весник „Слободен печат“. Тие се достапни за преземање и споделување.

Во своите јавни настапи, ЦИВИЛ постојано порачува: Не чекајте! Помогнете му на македонското општество да се справи со негативните појави, политики и практики кои се спротивни на демократските стандарди и човековите права и слободи!

Аудио спотови

Аудио прилози (емисии)

 

 

ПРИЈАВА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ