Мултимедијалниот настан „Заедно за иста цел“ што ЦИВИЛ го организираше во Куманово беше проследен со доделување на награди за најуспешните учесници на конкурсот за ликовни творби и благодарници на учесниците во проектот за нивните активности и придонесот во борбата против насилниот екстремизам. Исто така, настанот беше проследен со со видео проекции, музика, како и сценски настап на учениците од гимназијата.
На настанот ЦИВИЛ им додели еднакви награди на најуспешните ликовни творби во конкуренција на над 150 ликовни творби што одговорија на ликовниот конкурс „Заедно за иста цел“ и една специјална награда за талент и уметничка експресија.
ЦИВИЛ додели и благодарници на сите ученици во работната група што ги спроведе проектните активности во Куманово, на училиштата чии ученички и ученици беа дел од креативната работилница за мир и ненасилство и учествуваа на ликовниот конкурс.
Специјалната награда ја доби Арта Селмани од СОУ Гимназија „Сами Фрашери“ која се заблагодари на своите професори и нивната поддршка чија залуга е нејзината вештина и инспирација за темата.
Добитниците за најуспешните твориби беа Сара Ќерими и Беса Селмани од СОУ Гимназија „Сами Фрашери“, Исидора Алексовска ОУ „Браќа Миладиновци“, Дејвид Драгевски СОУ „Перо Наков“ и Христијан Јовановски СОУ Гимназија „Гоце Делчев“.
„Ми беше чест што учествував во овој проект и што дадов некаков придонес за подигнување на свеста против секаков вид на насилство“, изјави Христијан Јовановски при подигање на наградата и благодарницата.
Благодарници за својот придонес, поддршка и успешно спроведените активности добија и членовите на работната група, како и членовите на комисијата за селекција на најуспешните во ликовниот конкурс.
„Чест и задоволство ми беше во изминатиот период да соработувам со ЦИВИЛ. Општина Куманово работи на многу проекти и е отворена секогаш за соработка. Се надевам дека во иднина нашата соработка уште повеќе ќе се продлабочи“, изјави Катерина Богдановиќ, координаторка на работната група од Куманово, а воедно и сорабтник за заштита, спасување и управување со кризни состојби при Општина Куманово.
Благодарници се доделија и на сите училишта за нивната поддршка и поттик на учениците да бидат дел од активностите на ЦИВИЛ во борбата против насилниот екстремизам.
Ви име на СОУ Гимназија „Гоце Делчев“, благодарницата ја поддигна директорката Марија Тодоровска која изјави дека со задоволство училиштето ја прифатило поканата да учествува во проектот на ЦИВИЛ и дека сите предлози и добри идеи што биле дадени од нив, како работна група, биле прифатени што довеле успешноста на самиот мултимедијален настан.
“Посебен поздрав до учениците, и учесниците од другите училишта, за нивното гостопримство и уметничкиот израз против екстремизмот и насилството, давајќи им простор на слободата и мирот, најпрвин тука, меѓу нас, и потоа во светот. Ви честитам на oсвоената награда, и ви посакувам понатамошни успеси“, изјави Албина Авдили, во име на СОУ Гимназија „Сами Фрашери“.
Мултимедијалниот настан „Заедно за иста цел“ што се одржа во Куманово, беше проследен со изложба на наградените творби, делата на учесниците во креативната работилница, како и на сите дела што беа дел од ликовниот конкурс, сценскиот настап на драмскиот клуб на Гимназијата „Гоце Делчев“, а свои обраќања имаа и Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, Виолета Богдановска, претставник на Отсекот за превенција при СВР Куманово и Националниот координатор за спречување на насилниот екстремизам и борба против тероризам, Борче Петревски.
ЦИВИЛ го спроведува проектот „Заедниците против насилниот екстремизам“ со поддршка од Амбасадата на САД во Скопје.
Б. Јордановска