• Latest

ЦИВИЛ со панел дискусија за можните (зло)употреби на пописот (ВО ЖИВО)

February 9, 2021
Артилериска стрелба (фото извор: АРМ)

Министерство за одбрана: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 16, 2025

РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (2): Од мета на напади до прокси држава

August 16, 2025
Фото: МИА

Собранието не ги изгласа измените во Изборниот законик

August 16, 2025
Фото: Укринформ

САД и Европа може да ги поддржат безбедносните гаранции за Украина „инспирирани од Член 5 на НАТО“

August 16, 2025

Мајкрософт покренува истрага за наводите дека Израел ја користел нивната технологија за масовно следење на Палестинците

August 16, 2025

Трамп си побарал да го номинираат за Нобелова награда за мир

August 16, 2025

Измените и дополнувањата во Изборниот законик ќе се донесат по скратена постапка, прифатен амандманот на Левица, независните кандидати да соберат потписи од 0,5 отсто регистрирани гласачи

August 16, 2025
Андриј Сибига. Фото: Фејсбук

Сибига: Украина ја поддржува иницијативата на Трамп за трилатерална средба помеѓу Украина, САД и Русија,

August 16, 2025

Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина

August 16, 2025
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски
Фото извор- официјален профил  на ФБ на Зеленски

Зеленски: Мора да се постигне траен мир, а не само уште една пауза, во понеделник ќе се сретнам со Трамп во Вашингтон

August 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ЦИВИЛ со панел дискусија за можните (зло)употреби на пописот (ВО ЖИВО)

February 9, 2021 13:33
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Започна панел дискусијата на тема  „Како сѐ може да се (зло)употреби пописот?“. Учесници на панел дискусијата се Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика, Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје и Дехран Муратов, новинар и координатор во ЦИВИЛ. Модератор на панелот е Зоран Иванов.

Државниот завод за статистика инсистира оваа операција да биде статистичка и никаква поинаку. Цврсто сме решени да истраеме до крај, оваа операција да биде само статистичка, а користа од неа да ја имаат сите граѓани, рече директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски на панел дискусијата на ЦИВИЛ „Како се може да се (зло)употреби пописот“.

„Се друго ќе биде само штета-да немаме попис, како што немаме 20 години. Најголем дел од граѓаните не ги ни знаат последиците. Пописот е неопходен за многу институции. Локалната самоуправа, основи за какво било квалитетно функционирање на локалната самоуправа, но и сите други институции. Без попис трпи образованието, трпи здравството, трпи науката… неопходни се овие податоци, се друго би биле погрешни информации“, рече Симовски.

„Многу врева се дигна околу категориите „резиденти“ и „нерезиденти“. Тоа се методолошки елементи, и не треба да стојат во закон. Во законот интервенираат пратениците со амандмани, и може да се случи одредени меѓународни елементи со интервенција на пратениците да се изменат. Затоа не ги ставивме во закон“, додава Симовски.

Тој тврди дека методологијата и категориите за пописот се „во согласност до милиметар со меѓународните стандарди“.

„Во методологијата многу прецизно е кажано кои лица во која категорија влегуваат. Во единиците на опфат ги вклучивме и нашите граѓани кои штио се повеќе од една година во странство, се лицитира последниве години на различни бројки за тоа колкава е нашата емиграција, ние не ги знаеме точните бројки“, објаснува Симовски.

„Ако сме барем малку одговорни, ние во локалната самоуправа немаме право да стравуваме од обврските за пописот, бидејќи тие податоци се основа за креирање политики на локално ниво“, вели градоначалникот на Скопје Петре Шилегов. Тој нагласува дека податоците од пописот се неопходни за планирање на добра инфраструктура, за одржлив сообраќај, број на домаќинства, проценка каде е потребно да се вложува во инфраструктура…

Шилегов објасни дека локалната самоуправа ќе даде административна поддршка на пописот, односно ќе му биде помош на Државниот завод за статистика.

„Колку побрзо го завршиме тоа, толку подобро. Не случајно овој период се одбира, се смета дека е најповолен период. Тоа е стандард секаде во светот. Обидите за политикантство, апели за некакви бојнкоти не се ништо друго туку опбид за деструкција на процесите кои мораме даги направиме како држава, смета Шилегов, кој апелира граѓаните масовно да се одзват на пописот.  Гранап да имате фамилијарен, па еднаш годишно правите попис“, вели Шилегов.

„Јас не сум бројка. Не треба моите права да ми ги дадат врз основа на бројки“, вели Дехран Муратов, новинар и координатор во ЦИВИЛ, кој зборува за значењето на пописот за „помалубројните етнички заедници“.

„Колку се помалубројни? Дваесет години немаме попис. Не знаеме колку жители има во државата. Помалубројните заедници се тие кои што најмногу мигрираат. Убеден сум дека ќе биде поголема бројката на иселени отколку на тие кои што живеат во земјата“, вели Муратов.

Тој нагласи дека етничката припадност е предмет на манипулација од низа аспекти.

„Имавме примери каде што Албанци се попишуваат како Македонци, Македонци како Роми, за да се стекнат со некакви права. Треба секој да се попише како што се чувствува. Ако некој се чувствува како Ром, нека се попише како Ром. Ако се чувствува како Египќанин, нека се попише како Египќанин“, вели Муратов.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Новинарите кои го следеа увидот во гимазијата во Демир Хисар беа легитимирани од полициските службеници, иако носеле новинарски легитимации

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ