Соопштение на ЦИВИЛ, 3 јуни 2022 година
Денеска се навршуваат сто дена од руската агресија врз Украина, која започна на 24 февруари. Сто дена ужас, деструкција и смрт. Геноцид.
ЦИВИЛ – Центар за слобода со згрозување ја осудува воената агресија и масакрите врз цивилите во Украина кои започнаа со тоталната инвазија на 24 февруари. Целосно неиспровоцирана, агресијата врз една независна, суверена, мирољубива и демократска земја продолжува. Воените неуспеси на теренот, путиновската солдатеска секојдневно го напаѓа цивилното население, посегнува по животите на невини луѓе, по животите на децата, спроведува тортура, стрелање и силување насекаде каде што успева да стапне.
Со воената агресија против Украина се згрозува стабилноста, развојот, безбедноста и мирот во целиот свет.
ЦИВИЛ е првата македонска организација и меѓу првите во светот што ја осуди руската воена агресија врз Украина, и во неколку наврати повика на акција.
И денес, на стотиот ден од руската агресија врз Украина, ЦИВИЛ повикува на акција.
ЦИВИЛ ги повикува сите човекољубиви луѓе, интелектуалци, уредници, носители на одлуки и лидери во заедниците да ја осудат воената агресија со пораки и споделување. Секој може да придонесе и кон борбата против кампањите со дезинформации и говор на омразата.
За да се заштитат од пропагандата, луѓето треба да ги проверуваат вестите и изворите, да разменуваат информации за изворите на пропагандата.
ЦИВИЛ нагласува дека секој може да помогне. Ако ништо друго, луѓето може да им се придружат на протестите или самите да организираат протестни активности во кои ќе повикуваат на акција против воената агресија и геноцидот во Украина.
Потребна е помош. Секој, кој колку може, треба да помогне со донации, материјални или парични.
Цивил порачува:
Ова е време кога не смее да се молчи. Секој може и треба да ја изрази својата поддршка за борбата за слобода на Украина. НЕ на Путин, НЕ на војната и ДА за слободата, демократијата и мирот!
Херојската борба за слобода на Украина е борба за слобода на целиот свет!
#StandWithUkraine
#СлаваУкраїні
🔴 ЦИВИЛ: Сто дена брутална руска агресија и геноцид врз Украина
✊ Херојската борба за слобода на Украина е борба за слобода на целиот свет! 💙💛
via @https://twitter.com/CivilMacedonia https://t.co/pd8eHy5Gso— CIVIL (@CivilMacedonia) June 3, 2022