ЦИВИЛ, првата македонска организација и меѓу првите во светот што ја осуди руската воена агресија врз Украина, повикува на акција. Секој може да помогне!
Придружете им се на протестите против воената агресија и злосторствата врз цивилите во Украина.
Донирајте финансиски средства или добра на пунктовите за хуманитарна помош на украинските цивили и бегалци. Кажете им добредојде на сите бегалци од војната.
Изразете ја својата поддршка за руските граѓанки и граѓани кои, наспроти жестоките закани од тоталитарниот режим на Путин, излегуваат на протести против војната и против кршењето на човековите права и слободи.
Осудете ја воената агресија со пораки и споделување. Осудете ја кампањата со дезинформации и говор на омразата. Проверувајте ги вестите и следете релевантни и професионални медиуми. Сето тоа може да помогне во напорите да се сопре војната.
Слободата и мирот во Украина значат слобода и мир за целиот свет!
НЕ на Путин, НЕ на војната и ДА за слободата, демократијата и мирот!
Барањата за мир се висок патриотски чин!
Стоп за воинствениот деспот во Кремлин!
Војната што ја поведе Путин против Украина е војна и против човековите права и слободи на руските граѓанки и граѓани!
#ПоддршкаЗаУкраина
ЦИВИЛ: Сопрете го Путин! Слободата и мирот за Украина се слобода и мир за целиот свет!
Хуманитарна помош за цивилното население во Украина – која е постапката?