ЦИВИЛ денеска се сретнаa со граѓанките и граѓаните на Прилеп, Битола и Новаци со активностите за граѓанска едукација за борба против дезинформациите.
Коментарите на дел од луѓето биле дека ова за нив е новост и освежување, бидејќи се чувствуваат задушено од огромниот број дезинформации и пропаганда во медиумите и на социјалните мрежи.
Тимовите на ЦИВИЛ дистрибуираа едукативна брошура со наслов „Ослободи го умот“ која содржи основни информации за поимите поврзани со дезинформациите, пропагандата и хибридните закани. Таа може да послужи како одличен водич во препозанавањето и справувањето со дезинформациите и другите штетни влијанија од пропагандата и хибридните закани во јавната комуникација.
Брошурите се на македонски, албански и ромски и објавени се, освен во печатена, и во електронски формат во Дигиталната библиотека на ЦИВИЛ.