• Latest
Фотоколаж: Скриншот од насловни стани на РТ и А1он

ЦХТМ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

August 7, 2025

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО

ЦХТМ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

August 7, 2025 15:17
in АНАЛИЗИ, ДЕЗИНФО, ТОП 5
Фотоколаж: Скриншот од насловни стани на РТ и А1он

Фотоколаж: Скриншот од насловни стани на РТ и А1он

Share on FacebookShare on Twitter

(ВИДЕО) Мишев: Очекувам валкана изборна кампањаДРАГАН МИШЕВ

Долгогодишниот посветен проруски македонски портал А1он, секојдневно се труди да се докаже како перјаница на руската пропаганда и проруските наративи во земјава. Во таа своја мисија, тој е во трка дури и со докажаните медиумски  репрезенти на српско-руската пропаганда од соседна Србија. Овој став се темели и врз сознанијата од Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридни закани, (ЦХТМ) кој бележи зголемено присуство на содржини со руски пропагандни наративи во пресрет на локалните избори, меѓу кои се издвојува овој портал со својата агилност.

Во конкретните случаи што се предмет на оваа анализа во продолжение, А1он се потрудиле да ги претркаат и нив, станувајќи поголем „спутник“ од оригиналниот истоимен руски медиум (инаку забранет за пренесување во ЕУ и кај нас), во земјава, но и во регионов.

Така, А1он ќе објави текст со наслов „Украинците бегаат“, во кој ја пренесува сторијата на (исто така забранет за реемитување) водечкиот руски пропаганден државен медиум РашаТудеј (РТ) со наслов „Речиси 400.000 луѓе ја напуштиле украинската армија“ каде се цитира извесна украинска пратеничка Ана Скороход која тврди дека речиси 400.000 украински војници ги напуштија своите единици без дозвола, а многумина немаат планови да се вратат поради ужасниот третман од страна на нивните претпоставени.

Резултатите од пребарувањето на интернет покажува дека освен А1он, пропагандниот текст на руската РТ го пренел само српскиот портал Нулта Тачка.

За релевантноста на она што го кажува украинската пратеничка Ана Костјантиновна Скороход, може да пресудите според нејзината биографија. Таа е украинска политичарка која моментално е народен пратеник на Украина, претставувајќи го 93-от изборен округ на Украина од 2019 година, избрана како член на Слугата на народот. Скороход беше исклучена од партијата во ноември 2019 година откако тврдеше дека владата го уапсила нејзиниот сопруг поради нејзиното одбивање да ја поддржи либерализацијата на пазарот во земјата.

Сега, Скороход е член на „За иднината“ – политичка партија во Украина директно поддржана од олигархот Игор Коломојски. Кој е тој? Во 1992 година беше ко-основач на „ПриватБанк“ и нејзината неформална група компании – „Приват Груп“. Подоцна, оваа групација стекна обемни медиумски удели. Од 2014 до 2016 година, Коломојски беше гувернер на Днипропетровската област, сè до неговото разрешување од страна на претседателот Петро Порошенко. Таа година, неговата недоволно капитализирана банка беше прогласена за закана за финансиската безбедност на Украина и беше преземена во државна сопственост.

Во 2019 година, медиумската моќ и финансирањето на Коломојски ја поддржаа успешната претседателска кампања на Володимир Зеленски за соборување на Порошенко. Во 2020 година, тој беше обвинет во САД по обвиненија поврзани со банкарски измами од големи размери. Во 2021 година, САД им забранија на Коломојски и неговото семејство да влезат во земјата, обвинувајќи го за корупција и закана за довербата на украинската јавност во демократските институции. Зеленски, наводно, му го одзел украинското државјанство на Коломојски во 2022 година. Подоцна истата година, средствата на Коломојски кои се сметаа за стратешка вредност за државата во светлината на руската инвазија беа национализирани. Меѓу нив беа и најголемите компании за бензин во Украина. Во 2023 година, Коломојски беше уапсен од Службата за безбедност на Украина (СБУ) по обвинение за перење пари и измама и беше ставен во притвор пред судењето.

Во текстот со наслов ВИДЕО: Протести во Украина против насилната мобилизација, верниот „спутник“ на Москва во Македонија пренесува уште една манипулација на со претставување на содржина од извори со сомнителна релевантност, на кој им се придодаваат преувеличени полу вистинити (дез)информации, како: Илјадници граѓани излегоа на улиците на неколку украински градови во знак на протест против, како што го нарекуваат, „принудниот и насилен начин на мобилизација“ што го спроведуваат властите во контекст на продолжениот конфликт со Русија“.

Дури и во видеата кои се користат, од извори со сомнителна релевантност, како Јутјуб каналот на руски пропагандист Европа для украинцев, американската APT , Х налозите Tesla dog, Realpolitik_ru, меѓу кои и профилот на украинскиот пратеник Олександр Дубински, кој од новинар стана пратеник чија политичка кариера е нарушена од низа обвинувања и обвинувања за корупција, меѓу кои и во јануари 2021 година, Дубински, заедно со уште шест други украински државјани, беше погоден со санкции од САД за ширење дезинформации насочени кон влијание врз претседателските избори во САД во 2020 година, а Дубински беше обвинет дека е дел од мрежа за дезинформации поврзана со Русија. Јутјуб на руски пропагандисти како Европа для украинцев, се гледа дека на протестот има едвај околу 50 мина присутни, и тоа само во градот Виницја, од другите наведени градови нема никакви материјали.

Како последно, пустата желба на Москва и нејзините сателити за заминување на украинскиот претседател Володимир Зеленски од функцијата, нешто што и самиот Путин го има побарано неколку пати. Овој пат, А1он во текстот Медиуми: Зеленски се подготвува да си замине од функцијата, објавува наратив дека во украинскиот главен град, сè повеќе се зборува за неизбежното заминување на Володимир Зеленски од функцијата, а многу граѓани веруваат дека неговата оставка е прашање на денови, повикувајќи се на  медиумите блиски до украинската опозиција, понатаму тврдат дека атмосферата во Киев станува сè по тензична, а хаосот и безнадежноста владеат на улиците. Секако, нема именување, ниту линкови до „медиумите блиски на опозицијата“ кои ги спомнуваат.

Доколку пребарате на интернет, нема  да најдете текстови со ваква содржина, барем не од релевантни светски демократски медиуми. Единствено се појавуваат текстови и видеа од февруари 2025 година, кога Зеленски понуди да си замине од функцијата ако тоа може да придонесе како замена за мир.

Дополнително, во текстот се навраќаат на „неодамнешните немири во Виница, каде што луѓето упаднаа на локалниот стадион во знак на протест против присилната мобилизација“ демантирајќи ги сопствените наводи од претходен текст каде тврдат дека „илјадници граѓани излегоа на улиците на неколку украински градови во знак на протест против, како што го нарекуваат, „принудниот и насилен начин на мобилизација“ .

И секако, како јагода на шлагот, на крајот од текстот изнесуваат констатација со која се пренесува лажна слика за Украина и Кијив, напишана како по прирачник од Кремљ за насоките како руската пропаганда и нејзините извршители да дејствуваат за оцрнување на противникот.

„Сликата на Киев денес е мрачна – улиците се полни со агресивни луѓе, ментално болни и осакатени, а контролните пунктови и вооружените патроли ја зголемуваат несигурноста. Метрото, се вели, станало засолниште за бездомниците. Со сè почестите протести и растечкото незадоволство, иднината на Зеленски и сегашната влада во Украина останува под голем знак прашалник“, се тврди во текстот без да се понудат аргументи.

Доколку се прошетаат низ Кијив, ќе видат една сосема поинаква слика за Украинците кои достоинствено се носат со војната, и во такви услови не заборавиле на демократските вредности, како што е правото на протест, додека метрото се користи како засолниште од руските ракетни напади врз украинските градови со цел убивање на цивили.


Во соработка со Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридни закани (ЦХТМ – CIVIL Hybrid Threats Monitoring Team)

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: влијание на изборимакедонски про-руски медиумимониторингруска пропаганда и дезинформации
Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ