• Latest

ЦУК: Се нормализира состојбата по синоќешните поплавите  во Тетовско, Виничко и Прилепско предизвикани од поројни дождови 

August 23, 2022

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home НЕПОГОДИ

ЦУК: Се нормализира состојбата по синоќешните поплавите  во Тетовско, Виничко и Прилепско предизвикани од поројни дождови 

August 23, 2022 11:44
in ВЕСТИ, НЕПОГОДИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
По обилните врнежи вчера што го зафати Тетово и околината денеска е мирно и стабилно. Преку целата ноќ и раните утрински часови на ЈКП Tетово и ТППЕ Tетово работеа на нормализирање на состојбата во Тетово и околните населени места.
Како резултат на тоа улиците се исчистени и проодни за сообраќај за сите локлани и регионални патни правци. На поедини делови од коловозите има остатоци на мали количини кал, но истиот не го попречува нормалното одвивање на сообраќајот. Исто така екипите од ЈКП Тетово и ТППЕ Тетово преку ноќта ја испумпуваа водатат навлезена во подрумии и гаражи. Од СВР Тетово известуваат дека патот што води до село Џермо патот е прооден. Влезот на Тетово кај Палма Трејд подвожњакот е прооден за возила. На подвожњакот кај Село Фалише што вчера беше поплавен останат е еден автомобил кој не е во исправна состојба. Истиот од страна на пајак службата на ЈКП Тетово е подигнат и пренесен на соодветна локација и патот е прооден за сообраќајот. Во селото Мала Речица-Тетово патниот правец е прооден и од ЈКП Тетово се на терен до целосно чистење на поплавите предизвикани од врнежите.
ТППЕ Тетово се на терен со едно возило и 3 пожарникари, интервенираат во улица 146 за да ја испумпуваат водата навлезена во подрум. За денешниот ден со цел подобра комуникација и организација за надминување на штетата од невремето закажан е состонок на Кризниот Штаб во Општина Тетово.
Во општина Боговиње вчера вечер имало поплава на влезот на селото Палчиште – општина Боговиње со што е интервенирано со еден багер и патот е исчистено од поплавите и е прооден за сообраќајот. Нема прекин на електрична енергија.
Во општина Јегуновце како резултат на невремето во текот на вчерашниот ден без напојување на електрична енергија во времетраење од 1 час било селото Јажинце.
Поради силното невреме кое ја зафати територијата на општина Виница на ден 22.08.2022 година, екипи на ТППЕ Виница биле на терен до 23.00 часот, при што имале вкупно 20 интервенции, претежно на деловни објекти и училишта. Во најголем дел штетите се санирани, а во моментот се на терен со 2 пумпи и 3 пожарникари на пријава на 1 деловен објект.
Градоначалникот на на Општина Виница известува за почеток на пријава на штети во службите на Општина Виница, како и брзо интервенирање на комисијата за процена на штети, при што најавен е и состанок на Општинскиот кризен штаб.
Екипа на ЈП„Солидарност„ Виница со 1 возило и 3 лица се на терен за санирање на затнати водотеци на реките и шахтите, како и чистење на наноси од улиците. Пријавена е и интервенција на поединци со сопствени пумпи за санирање на поплавени подруми. ДЗС ПО Виница преотстапи 3 пумпи на ТППЕ Виница во период на траење на интервенциите.
Во Прилепски регион, од ЕЛС Долнени информираат дека состојбата во поплавените населени места полека се нормализира. Електро снабдувањето и водоснабдувањето се нормални.
Во с.Лажани, општина Долнени според последните информации поплавени се околу 40 куќи (поплавени се дворните места, подрумски и приземни простории). Моментално се работи на санирање на штетите и испумпување на водата од поплавените простории.
Во текот на денот ќе биде извршено согледување на потребните дополнителни материјално-технички средства за надминување на оваа состојба од страна на Градоначалникот на ЕЛС Долнени, општинските служби и ДЗС Прилеп.
До овој момент барања од ЕЛС Долнени до ЦУК нема.
М.Д.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ