• Latest

ЦВАЈ ТАГ, ДРАЈ ПАРАД ПРЕД НАШИТЕ ОЧИ: Огин го гори Чучер-Сандево

July 8, 2025

МНОГУ ПАРИ МАЛКУ МУЗИКА: Политичката мапа и финансирањето на политичките партии во пресрет на локалните избори 2025

August 20, 2025

Препукување на релација ДУИ – ВЛЕН кој е поголем Србин

August 20, 2025
Трамп и Путин во Алјаска. Фото: Скриншот

Кремљ ги омаловажува разговорите со Зеленски, Трамп предупредува дека Путин можеби нема да сака да склучи договор

August 20, 2025

Евидентирани 1916 во Регистарот на ДКСК за службени возила на државни органи за локалните избори

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на YouTube

Администрацијата на Трамп ќе проверува за „антиамериканизам“ во апликациите за имиграција, критичарите потегот го споредуваат со макартизам

August 20, 2025
Мигрантите депортирани од САД пристигнуваат во Хондурас. Фото: Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

САД постигнаа договори за депортација на мигранти со Хондурас и Уганда

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Израел бара ослободување на сите заложници во Газа, фрлајќи сомнеж врз предлогот за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото; Скриншот од видео на YouTube каналот на British Army

Околу 10 европски сојузници се подготвени да испратат војници во Украина, се забрзуваат разговорите за безбедносните гаранции

August 20, 2025

Избирачкиот список се отвора во сабота за увид и запишување и бришење податоци

August 20, 2025
Фото: Телеграм канал АСТРА

Геј порно снимено во православна црква во Русија

August 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

ЦВАЈ ТАГ, ДРАЈ ПАРАД ПРЕД НАШИТЕ ОЧИ: Огин го гори Чучер-Сандево

Филмувањето на пропагандата пред наши очи секако има свои предности особено ако власта има монопол на прикажувачите на такви дела. Проблемот е кога филмската приказна ќе се проба да се повтори во реални услови

July 8, 2025 15:34
in МЕДИУМИ, НЕПОГОДИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Стојанче Ангелов е секако човекот кој себе се претставува како најодговорен во борбата против пожарите. Добро, гледам утринава дека се извлекува – конкретните активности си ги спроведувале командирите на единиците за ППЗ а тој само асистирал во стилот „што ми бараат, тоа им го давам“ демек изигрува индентатура.

Забележав дека во неговиот речник најомилен збор му е придавката „филмски“. Навистина се во неговите настапи е филмско- од мизансценот каде излегува пред камерите (никаде не се повторува, демек вода стои, тој не стои), те бил лично ваму, па бил таму…

Вчера велеше дека со сигурно знае дека пожарот е испровоциран од фрлен испушок на некој што возел кон (или од) граничниот премин  Блаце а денес одново со сигурност се протура веста дека се работи за подметнат пожар со палети натопени во бензин. Ова е начин сопствената неефикасност да се простре пред наводното сознание за „внатрешниот непријател“, која веднаш се формира како пренамена на операцијата за гасење на огнените јазици во – борба со се уште невидливиот душман. Во таква ситуација оние фарбани хермелини имаат своја функција, нели: Филмска, де.

Такво беше и репликата на Ангелов дека иако е најавена појава на облаци тоа ќе било „филмско наводнување“ без ефекти и заладувањето ќе било „за степен два пониско“, од истиот филм на метеоролозите, по негово толкување…

Па добро, ако веќе се инсистира, да се прашаме кој ја инсценира онаа парада со фарбаните хермелини, тешко со тони, кои не можат да совладаат сериозни угорници, трошат многу гориво а кои се користат за безбеден пренос на пешадија и – толку!

Впрочем, без никакво објаснување каква би била нивната ефикасност (освен одново – филмската компонента), но премиерот со негова свита прочита говор дека власта е подготвени годинава да нема штети од пожарите. Значи со неколку стотини литри боја ние сме подготвени за борба со летните неволји. И тоа како снимка од парадата се повторуваше од час во час во сите вести, неколку дена по ред ама… дојде време подготвеноста да се стави пред испит и – професоре паднавте. Недоволно ни за шестка.

За волја на вистината премиерот некој ден претходно, на Тв дебата, која наликуваше само на монолог на премиерот пред шест речиси мумии во студиото на МТВ, истакна дека ја знае формулата за успех во борба против пожарите. Тоа се кравите и воопшто тревопасните домашни животни кои денес ги нема во селата. Инаку, тие каде и да постојат ги користат тревнатите површини како храна и огнот нема каде да напредува! И ете без да биде предизвикан (прашан на таа тема) премиерот даде една задача за надлежното министерство да ги засили активностите во посочена активност.

Неволја е што истата е подолгорочна ама за тоа никој од присутните аналитичари и новинари не го потпрашаа. Ама да не губиме надеж и онака тој и неговата групировка мислат да владеат со векови, како султаните. Ќе има шанса и за новинарите да потпрашаат нешто.

Е сега во еден пак филмски пресврт Стојанче Ангелов поправи – не се криви кравите, туку селаните кои околу куќите не ја изоруваат тревата бидејќи богот на огнот симнува капа пред таквите напори – доволно било еден метар околу живеалиштата да е уредно исчистен теренот од трева за неволјата да си каже самата на себе – стоп, нема каде веќе. Ако ништо друго во такви ситуации барем не се потребни хермелините кои некако прегреваат на угорнини, па биле тешки за влечење и морале да користат други возила да ги одглават од проблемот. А шанси за летечки, преносливи крави секако ќе се отворат.

Лани изгореа меѓу 11 и 14 отсто од нашата севкупна територија, може одново да се пресмета а се што Стојанче направи е да ја вработи сопругата како советничка на министерот Тошковски.

Инаку тој вели дека социјалните мрежи не ја говореле вистина (некои од нив сепак беа проследени со слики од теренот) за тоа како жителите на Скопска Црна Гора се бореле со стихијата, па затоа тој ја кажа вистината пред камерата на ТВ Сител која и онака важи за лексилиум за масовна употреба три пати на ден, прилагодени за консумација на празен стомак.

Тие секако дадоа една лежерна програма утрото, утринската на МТВ дури и беше еуфорично летна, иако еден човек изгоре и тоа во градскиот атар (Ѓорче Петров) и тоа додека се обидувал да ги спаси кравите од шталата (види погоре за нивното значење) а друг е повреден во одбрана на село Кучевиште – замислете ја таа сцена на грчевита одбрана на обичните луѓе, кои, оставени сами на себе (помош организирана имаше само од Општина Центар, да не заборавиме ама истата мејнстрим медиумите не ја споменаа, таа и онака доаѓа од општина „која не е наша“ како впрочем и општината Чучер Сандево!).

Селаните, со лопати и друг алат, некои и со голи раце, веројатно со гранки, го правеле она што можеле. Во тој напор успеале во ноќна борба да го спречат продорот на огнот и кон двете значајни цркви – „Свети Анастасиј во с. Глуво и легендарната Св. Никита во Чучер.

Според првиот човек на општината Сашко Комненовиќ, била забележана бавна реакција на надлежните институции за справување и за гасење на пожарот „Ситуацијата е сериозна и бара вклучување на сите расположливи ресурси. Пожарот зафати густа нискостеблеста и мешана шума на многу непристапен терен, а силниот ветер дополнително го отежна неговото гаснење“, рече градоначалникот.

Според него, била забележана бавна реакција на надлежните институции за справување и за гасење на пожарот.

„Во вакви моменти секоја минута е важна и пресудна. Мојата цел не е да критикувам туку да алармирам. Вчера Владата презентираше некаква подготвеност за справување со пожари со ‘хермелините’. Зошто досега не се употребени? Јас на подрачјето на Чучер Сандево забележав само еден „хермелин“. Од вчера до сега се уште да не може да се стави под контрола пожарот кај Блаце и Чучер Сандево. Активни се на три потега“,додаде Комненовиќ.

Тој апелираше на итна мобилизација и најави дека ќе испрати писма до надлежните институции, како Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, како и до невладините организации и до сите други активно да се вклучат во гасењето. Рече дека барал и меѓународна поддршка и добил најава оти ќе биде дополнително контактиран за тоа.

Првиот човек на општината, на крајот од своето обраќање, се заблагодари на градежните фирми, граѓаните, институциите, противпожарните екипи и сите што досега се вклучиле во интервенирањето, а ја повика Владата на поголема ажурност.

Еве што запиша на својот Фејсбук профил професорката Мирјана Најчевска која од поодамна се пресели во селото Сандево. „Моето Сандево гореше. Ридот е поцрнет и сеуште се гледа по некој столб со чад. Луѓето дадоа се од себе да ги спасат селата и манастирите.

Она што се уште не можам да го разберам е отсуството на соодветно информирање. Информациите беа расфрлани, недоволни, неточни, собрани по патот. Немаше информации за движење на пожарот, за ниво на загрозеност, за организирана борба со пожарот, за збирни места, за план за евакуација, за …

Со сите средства за информирање кои ни стојат на располагање луѓето дознаваа од „рекла-казала“ и се организираа како во 19 век.

Е ова е еден од показателите дека немаме држава туку башибозук во кој полуписмени и потполно неписмени политичари се обидуваат секој да штрбне од државата колку може во краткиот период додека е на власт.

Во мојата социјалистичка држава Македонија имавме територијална цивилна заштита. Сите знаевме каде треба да одиме и што треба да правиме во вакви ситуации. И бевме обучувани од основно училиште.

Тоа беше држава.

Во моментов можам само да видам до каде се спуштил огнот на ридот отспротива и да ги гледам хеликоптерите кои некаде фрлаат вода.

И можам да се јавувам по комшии да пробам да добијам некоја информација.

Која бре држава, кои бре центри за заштита, кои бре информативни портали, кои бре веб страни на општините, и, кои бре шутраци новинари за кои секоја вест има еднократна вредност.

И Светлана Камџијаш, поет, раскажувач, универзитетски професор на својот профил напиша: „Сношти, жителите на Чучер Сандево си ги спасуваа домовите од огнената стихија. Сами, вооружени со она со што располагаат, а некои и со голи раце. Сами, зашто повторно останаа игнорирани од институциите кои требаше да помогнат. Оставени и од новинарите кои се занимаваа со ветувањата на кандидатите за градоначалници и демагогиите за загрозеноста на македонизмот. Во интерес на вистината се појави Стојанче, во две-минутно клипче, но повеќе за да си ги покаже набилданите раце, отколку да помогне во ситуацијата.

Како и да е, во сеопштата неорганизираност, некоординираност и отсуство на информации (единствен извор беа сликите од социјалните мрежи), мештаните се организираа совршено и, во доцната ноќ полна со неизвесност, успееја да го стават пожарот под контрола. Пожар кој два дена, милиметар по милиметар, непречено доаѓаше од Блаце.

Секоја чест за мештаните! Луѓе, кои со години оставени сами на себе од властите, научиле како да се грижат за себе.

ПС. Благодарност за сите вас кои се молевте, се јавивте и покажавте загриженост за нас. Господ да ве благослови!“ – заврши таа.


Текстот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ