Пратеничките Славјанка Петровска и Бисера Костадиновска Стојчевска, експратеничката Славица Грковска, како и директорката на Државниот инспекторат за труд Јована Тренчевска се изборот на мандатарот Димитар Ковачевски за министерки во новата влада за кои тој вечерва ќе побара поддршка од извршниот и од Централниот одбор на СДСМ, потврди за „Слободен печат“ висок функционер од Владата.
Професорот на Правен факултет,Никола Тупанчевски пак, е големото изненадување кое Ковачевски го чуваше во најголема тајност, а кој ќе биде предлог за иден министер за правда.
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи останува на позицијата, како и министерот за внатрешни Оливер Спасовски. Промена ќе нема ни во ресорот транспорт и врски каде останува актуелниот министер Благој Бочварски ни во локална самоуправа каде министерува Горан Милевски. Бојан Маричиќ од правда заминува за вицепремиер за евроинтеграции.
Старо- новите предлози за министри вечерва треба да добијат виза од Извршниот и од Централниот одбор на СДСМ.
Извор: Слободен печат