Турската крајбрежна стража во текот на ноќта спасила 58 мигранти во Егејското Море.
Како што јави агенцијата Анадолија, а пренесе МИА, тие се нашле во турските води откако го напуштиле грчкиот брег.
Во близина на брегот на областа Сеферихисар во Измир биле пронајдени 45 лица, а 13 од нив во областа Дикили.
Тие се однесени кај локалните миграциски власти за извршување на регуларната процедура.