Турската полиција денеска уапси 38 лица, меѓу кои и Сиријци, во операцијата во северозападната област Бурса, под сомнеж дека имаат врски со Исламска држава.
Контратерористичката полиција спроведе истовремени претреси во домови во различни квартови на Бурса. Борците на ИД извршувале напади во Турција со огнено оружје и бомби.
Многу странски борци минаа низ Турција во последниве години за да се приклучат на џихадистичката група на нејзините контролирани територии во Сирија и Ирак.
Исламската држава пред една година ја презеде одговорност за масовното стрелање на новогодишната ноќ, при што загинаа 39 лица во преполн ноќен клуб во Истанбул. Овој месец, беше покренато обвинението за тој напад.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.