• Latest

Твитер соопшти: Оптоварувањето на нашата мрежа е преголемо, одговорни се дел од македонските твитерџии

July 7, 2019

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026

ВОЈНАТА СÈ ПОБЛИСКУ – Црното Море, бојно поле пред портите на НАТО: Дронови потопуваат бродови, Бугарија бара одговори од Москва и помош од НАТО и ЕУ

October 13, 2026

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА САТИРА

Твитер соопшти: Оптоварувањето на нашата мрежа е преголемо, одговорни се дел од македонските твитерџии

Неодамна, Твитер, под притисок на меѓународната јавност, се вклучи во глобалната борба против говорот на омразата и лажните вести. Со таа цел, Твитер инсталира интелигентен софтвер за лов на облици на оваа глобална закана, но софтверот има една додатна карактеристика – реагира на глупост

July 7, 2019 16:47
in САТИРА
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот онлајн сервис за вести и социјална мрежа, Твитер, денеска соопшти дека нивната онлајн платформа е сериозно разнишана. По неколкуте обиди да се искористат постојните капацитети, компанијата ги вклучила сите резервни сервери за да го издржат оптоварувањето. Бордот за решавање кризни случаи размислува, доколку проблемот не се реши до крајот на денот, да набави неколку нови танкери со сервери од Кина и да ги стави во погон во текот на оваа ноќ која директорите на Твитер ја нарекоа критична.

За што се работи? Неодамна, Твитер, под притисок на меѓународната јавност, се вклучи во глобалната борба против говорот на омразата и лажните вести. Со таа цел, Твитер инсталира интелигентен софтвер за лов на облици на оваа глобална закана, но софтверот има една додатна карактеристика – реагира на глупост.

Така, новиот софтвер на Твитер, се преоптоварил од нивото на глупост што дел од македонската твитер заедница го пласира на оваа социјална мрежа. Лажните вести и говорот на омразата некако и може да ги поднесе, но овој интелигентен софтвер, едноставно, доживеал колапс кога детектирал колкава е глупоста на некои од македонските твитер „филозофи“. Овој проблем потоа предизвикал шок и енормно оптоварување на серверите на компанијата.

„Со сета почит кон слободата на изразувањето на сопствената глупост, сепак, се молат македонските онлајн ашљаци да намалат малку од своето доживување, додека не го решиме проблемот со нашиот софтвер чија реакција доведе до преоптоварување на серверите“ – се вели во заклучокот од соопштението на компанијата.

Александар М. Арнаудов – Роки


Оградување, одбрана и заштита: Секоја сличност на овој текст со реалноста е (не)намерна.

Share64TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ