Полицијата во Албанија го уапси лидерот на Партијата на слободата, Илир Мета.
Мета е под истрага на СПАК за скандалот ЧЕЗ-ДИА, лобирањето во САД и истрага за неговиот имот, но се уште не се знае за кој случај е извршена потерницата.
Мета беше претседател на Албанија од 24 јули 2017 до 24 јули 2022 година. Претходно беше премиер од 1999 до 2002 година и беше претседател на Парламентот на Албанија од 2013 до 2017 година.
Мета беше и вицепремиер, министер за Европа и надворешни работи и министер за економија, трговија и енергетика.
Мета го основа Движењето за социјалистичка интеграција (ЛСИ) во 2004 година, а името на партијата се смени пред неколку години во Партијата на слободата, која е предводена од него.
А.М.