Categories

НАПАД Уапсени напаѓачите на новинарот во Ваљево

Новинарот на Радио телевизија Ваљево, Марко Аќимовиќ (33) бил нападнат пред Градското собрание на тој град. Како што соопшти полициската управа на Ваљево, уапсени се две лица, поради основано сомневање дека извршиле кривично дело насилничко однесување.

Двајцата се сомничат дека физички го нападнале Аќимовиќ пред зградата на Градската управа во Ваљево, при што му задале повеќе удари откако се обидел да известува од јавниот собир.

Поради нападот врз новинарот вчера пред Градското собрание се оддржа собир со барање за оставка на градоначалникот на Ваљево.

image_pdf image_print
Print Friendly, PDF & Email