Во израелски воздушен напад врз густо населен кварт во центарот на Бејрут во неделата наутро беше убиен главниот портпарол на Хезболах, Мохамед Афиф, објави Ал-Мајадин, либанска информативна мрежа усогласена со милитантната група. Извештај за овој напад објави и Ројтерс.
Портпаролот на Хезболах беше убиен во квартот Рас ал Набаа, каде што голем број луѓе побараа засолниште од силно бомбардираните области на јужните предградија на Бејрут во последните неколку недели. Израелските сили одбија да ги коментираат извештаите за нападот.
Шефот за односи со медиумите на Хезболах беше близок соработник на поранешниот лидер на Хезболах, Хасан Насрала, кој беше убиен во израелски напад во септември.
Во северниот дел на Газа, околу 70 луѓе беа убиени во израелските воздушни напади врз областа Беит Лахиа во северна Газа денеска, објави Вашингтон пост.
Извори: Al Mayadeen, Reuters, Washington Post