• Latest

Учениците од Гостивар порачаа: Заедно, за подобра иднина!

December 22, 2023

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Учениците од Гостивар порачаа: Заедно, за подобра иднина!

December 22, 2023 13:28
in МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ и  Општина Гостивар на 18 декември одржаа мултимедијален настан „Заедно за подобра иднина“ во Гостивар.

Ученици од осум основни училишта во општината учествуваа на конкурсот со избор од креативни ликовни творби, кои беа изложени во просториите на општина Гостивар. Со одлука на комисијата за оценување, градоначалникот Арбен Таравари додели  награди на најуспешните учесници, а ЦИВИЛ  додели сертификати за учество на сите што беа дел од овие активности.

На настанот пред публиката од граѓани, ученици и наставници, се обратија градоначалникот на Гостивар, др. Арбен Таравари и претседателот на ЦИВИЛ , Џабир Дерала.

Градоначалник на општина Гостивар, Арбен Таравари – „Заедно за подобра иднина“, 18 декември 2023 година, Гостивар Фотографија: Горан Наумовски

„Посебно задоволство и чест што реализираме успешно уште еден проект со ЦИВИЛ. Би сакал да им се заблагодарам што во повеќето проекти што се реализирани со општините, општина Гостивар била вклучена, и посебна чест за нас е што завршуваме уште еден проект успешно. Се работи за осум училишта од Гостивар, каде што нашите ученици направија слики на тема „Заедно за подобра иднина“.

Се надевам дека нашите заеднички проекти ќе продолжат и понатаму, и повторно ќе ги завршиме успешно, со една цел, да ги мотивираме нашите млади луѓе, деца од нашата општина, да размислуваат за подобра иднина“, изјави Таравари.

Џабир Дерала – ЦИВИЛ, „Заедно за подобра иднина“, Гостивар, 18 декември, 2023 година Фотографија: Горан Наумовски

„Драги деца, во името на ЦИВИЛ, ви благодарам што зедовте учество во овој конкурс, во овој натпревар, за подобро утре, за подобра иднина, заедно, и секако дека вашите пораки овде, вашите визуелни пораки, ќе прошетаат низ целата земја, и низ целиот свет.За тоа ќе се погрижиме со моите колешки и колеги од ЦИВИЛ.

Би сакал да кажам уште нешто за нашата соработка со овој град.  Пред се со градоначалникот на општината, др. Таравари, кој буквално за секоја иницијатива, што ја има градот Гостивар, не кани да бидеме присутни, да бидеме дел од вашите активности како граѓанки и граѓани, како најмлади, и исто така, секогаш кога ние имаме некоја идеја или иницијатива, на ниво на повеќе општини, Гостивар е првата општина што одговара позитивно и целосно на сите наши идеи, со дополнителни, нови идеи.

Доктор Таравари е човек кој навистина широко ги сфаќа работите, има длабоко разбирање за сите работи, за кои ние сме загрижени, или пак имаме некакви надежи.

Децата испраќаат моќни пораки за мултикултурализам и европски вредности преку своите цртежи и слики.

И заради тоа му благодарам и во оваа прилика, и сметам дека со интелектуалци, пред се, а не само политичари, туку интелектуалци и политичари, како што е др. Таравари, ние имаме некаква перспектива која ќе им даде можност на младите генерации да одат напред“, изјави Дерала.

Настанот е дел од проектот „Заедно за подобра иднина“, чија цел е промоција на мултикултурализмот и европските вредности во земјата, со посебен фокус на младите.

Проектот „Заедно за подобра иднина“ ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.

 

Д. Тахири

Камера: Дехран Муратов

Монтажа: Ариан Мехмети

Фотографија: Горан Наумовски

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ