• Latest

Учениците во Долно и Горно Јаболчиште заглавени меѓу училишните клупи и партиските препукувања

November 29, 2021
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Учениците во Долно и Горно Јаболчиште заглавени меѓу училишните клупи и партиските препукувања

November 29, 2021 15:50
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Екипата на ЦИВИЛ Медиа ја посети општина Чашка и селата Долно и Горно Јаболчиште, по добиена граѓанска пријава дека учениците од двете села немаат услови за следење настава, односно наставата ја следат во верски објект поради отсуство на училишен објект којшто е срушен и се чека на изградбата на новиот.

Во Долно Јаболчиште се сретнавме со родители на ученици од основното училиште, коишто низ разговор посочуваат дека проблемот е политички, односно дека дел од власта е во спрега со опозицијата, па затоа условите за настава во овие предели (двете села), не се приоритетни за нив. Еден од родителите го обвини градоначалникот на општина Чашка дека врши дискриминација над учениците во двете села, бидејќи условите во Чашка, каде што има значително помал број ученици, се многу подобри отколку во училиштата во селата Долно и Горно Јаболчиште, кадешто наставата ја следат околу 800 ученици.

Стариот училишен објект во Долно Јаболчиште е срушен, а екипата на ЦИВИЛ забележа дека новиот објект е веќе во изградба, но очигледно со споро темпо, а на денот на посетата немаше работници на теренот.

Поголемиот дел од учениците во Долно и Горно Јаболчиште во општина Чашка не одат во училиште, ООУ „Лирија“, бидејќи нивните родители ја бојкотираат наставата.

Учениците до 5-то одделение од Долно Јаболчиште, наставата ја следат во објект на селската џамија, а втората училница е сместена во гаража на десетина метри од џамијата. Веднаш до објектот се наоѓаат и јавните тоалети, каде што одат и учениците и жителите на селото.

Во тие две простории се сместени од почетокот на учебната година кога започнала реконструкцијата на училиштето. Дел од родителите на над 100 ученици, одлучиле повеќе да не ги пуштаат на настава во импровизираните училници, бидејќи не се задоволни од условите.

Џемаил Мифтари е еден од родителите од Долно Јаболчиште кој за ЦИВИЛ вели дека на ваков чекор се одлучиле бидејќи нивните деца не заслужуваат ваков третман.

„Старо-новиот градоначалник на општина Чашка, на 10 август, кога го срушија училиштето, ни вети дека до 20 септември ќе биде изградено. Но, еве и денеска сè уште немаме никакви информации и знаци што ќе се прави понатаму. Дали треба нашите деца да учат уште две години во овие никакви услови?“, вели Мифтари.

Џемаил Мифтари, родителите од Долно Јаболчиште

Тој додаде дека дополнителна причина за бојкот на наставата е и пандемијата, бидејќи учат над 30 ученици во еден клас, збиени еден до друг, каде што нема услови за настава во импровизираните училниците.

Рамадан Хамзаи родител на три деца од Горно Јаболчиште за ЦИВИЛ вели дека во ООУ „Лирија“ веќе трета недела се бојкотира наставата, бидејќи сакаат да го сменат директорот.

„Собравме околу 200 потписи на родители кои не ги пуштаат своите деца во училиште се додека не се смени директорот на училиштето. Не ги пуштаме децата во училиште бидејќи нема соодветни услови, нема вода, дрва за греење и друго“, вели тој.

Рамадан Хамзаи, родител од Горно Јаболчиште

Хамзаи вели дека бојкотот нема врска со политика, туку само сака да има еднакви услови како учениците од општина Чашка.

„Одете во општина Чашка ќе видите какви услови имаат учениците таму, за разлика од тука каде што учат околу 800 ученици. Сакаме и нашите деца да имаат исти услови, да има спортска сала, градинка…“, додава Хамзаи.

Директорот на училиштето „Лирија“, Јусуф Ахмети, за ЦИВИЛ вели дека сето ова што се случува е поради политички причини, бидејќи во општина Чашка победи кандидатот за градоначалник на СДСМ. Делумниот бојкот на наставата смета дека е политички мотивиран за како што вели, негова смена од функцијата.

„Овие проблеми почнаа веднаш по вториот круг од гласањето на 31 октомври, дотогаш немало никакви проблеми. Децата ги злоупотребуваат за политички цели што не би требало да е својствено за еден родител. Во училиштето има услови, има вода, дрва, парно, хигиената е на највисоко ниво…“, вели Ахмети.

Јусуф Ахмети, директор на училиштето ООУ „Лирија“, Горно Јаболчиште

Директорот уверува дека до следната учебна година ќе биде готово училиштето во Долно Јаболчиште и ги отфрла сите обвиненија дека им било ветено дека целото училиште ќе биде завршено за еден месец.

„Разговаравме со родителите на децата во Долно Јаболчиште и сите кои беа присутни на тој состанок се согласија учениците привремено да учат во тие простории додека се изгради целосно ново училиште каде што ќе може децата да учат до деветто одделение, наместо до шестто како што е сега“, вели Ахмети.

Градоначалникот на општина Чашка, Горан Стојановски, ги отфрла обвинувањата дека има етничка дискриминација во Долно и Горно Јаболчиште.

Градоначалникот на општина Чашка, Горан Стојановски

„Жителите на Долно Јаболчиште со громогласен аплауз го поздравија започнувањето на изградба на ново училиште врз темелите на старото. Но, по завршување на вториот круг на изборите одеднаш се сменија работите и дел од родителите решија да не ги пуштаат своите деца да посетуваат настава. Сакам да верувам дека таквата одлука нема политичка позадина, бидејќи пред неколку дена имаше вонреден инспекциски надзор од Државниот просветен инспекторат при што не беше најдена ниту една забелешка“, вели градоначалникот на Чашка.

Тој вели дека нема никакви проблеми во училиштето, но ако има проблеми, нема да се решат ако се смени директорот, напротив.

По сите разговори и разгледот на училиштата и општото расположение што можеше јасно да се забалежи во текот на посетата, повеќе од очигледно е дека учениците во овие две села се предмет на политички манипулации на дел од родителите, како и од дел од претставници на власта во селата. Родителите потпишуваат петиции за промена на директорот на училиштето без силни аргументи дека тој е штетникот, освен дека не е припадник на соодветната партија, односно партијата на која се приклонети дел од родителите.

Од друга страна, директорот на училиштето беше повеќе од спремен да ни ги прикаже добрите услови во училиштето, со тоа што ни ги отклучи вратите на најчистите училници и тоалети.

Кога прашавме еден од родителите до кога нема да ги пуштаат децата на училиште, бидејќи за децата не е упатно да отсуствуваат од настава, одговорот беше – се додека не се смени директорот на училиштето, а со тоа и се создадат пристојни услови за следење настава.

Дијана Тахири
Камера и монтажа: Дехран Муратов
Фотографија: Горан Наумовски

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ