Канцеларијата на јавниот обвинител во Украина ги обвини руските безбедносни и воени сили за киднапирање на украинска новинарка која известувала за руската офанзива на истокот и југот на Украина, пренесува Тајмс оф Израел.
Во денешното соопштение на Фејсбук, канцеларијата на јавниот обвинител тврди дека руската Федерална служба за безбедност или ФСБ и руската војска ја киднапирале новинарката на украинскиот медиум Хромадске, Викторија Рошчина ,во вторникот во Бердјанск, окупиран пристанишен град во југоисточниот регион Запорожје. Во соопштението не се наведува идентитетот на новинарот, но се вели дека моментално не се знае каде се наоѓа репортерот и дека е покрената кривична истрага.
Хромадске вчера објави на Твитер дека изгубиле контакт со репортерката Викторија Рошчина минатата недела.
Our journalist Victoria Roshchyna is held captive by the Russian occupiers. She was reporting from hotspots in Eastern and Southern Ukraine since the beginning of the Russian-Ukrainian war. On March 12, we couldn’t contact Victoria 1/3 pic.twitter.com/4728hwDs72
— Hromadske Int. (@Hromadske) March 18, 2022
„Како што дознавме од сведоци, во тоа време новинарkaта била во привремено окупираниот Бердјанск. На 16 март дознавме дека еден ден претходно (најверојатно на 15 март), Викторија Рошчина била приведена од руската ФСБ. Во моментов, не знаеме каде е таа“, твитна медиумот на Твитер.
ФСБ и руската војска сè уште не ги коментирале наводите.
Подготвил Д.Мишев