• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Реакции на статијата на „Цајт магазин“- 10 страници за висината и „уметноста“ на Рама, нула за корупцијата и заробувањето на државата; Косовското собрание не успеа да изгласа потпретседател од српска етничка заедница

September 1, 2025
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Реакции на статијата на „Цајт магазин“- 10 страници за висината и „уметноста“ на Рама, нула за корупцијата и заробувањето на државата; Косовското собрание не успеа да изгласа потпретседател од српска етничка заедница

September 1, 2025 12:47
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Албанските медиуми објавија анализа од германските медиуми, за написот во Цајт магазин, во кој се величи ликот на албанскиот премиер Еди Рама, но не се осврнува на сериозните обвинувања за поткопување на демократијата.

Во Косово, парламентот повторно се наоѓа во криза, односно денеска пратениците повторно не успеаја да изгласаат потпретседател на собранието од српска етничка заедница.

Во продолжение се поместени содржините од денешниот редакциски избор на ЦивилМедиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Сури: Германските медиуми ја анализираат статијата на списанието „Цајт магазин“ за Рама: 10 страници за висината и „уметноста“ на Рама, нула за корупцијата и заробувањето на државата

Објавувањето на интервјуто на премиерот Еди Рама во „Цајт магазин“ предизвика критички реакции, бидејќи германското списание посвети десет страници главно на неговата висина, кошарката и уметноста, третирајќи го повеќе како „егзотична“ фигура отколку како лидер кој е сериозно обвинет за поткопување на демократијата, пишува Сури.

Арбреш: САД планираат да ја зајакнат воената инфраструктура во Албанија и Косово

Соединетите Американски Држави продолжуваат да го зајакнуваат своето воено присуство во Југоисточна Европа, најавувајќи петгодишен договор што опфаќа проекти за изградба и одржување во Албанија, Косово и Бугарија. Оваа инвестиција, предводена од Инженерскиот корпус на американската армија, има за цел да обезбеди напредна инфраструктура за американските трупи и во регионот, одразувајќи ја континуираната посветеност на справување со геостратешките и геополитичките предизвици, објави Арбреш.

КОСОВО

Лајми нет: Парламентот не успеа да избере потпретседател Србин, Баша ја прогласи конститутивната седница за „затворена“

Косовското собрание влезе во нов политички ќорсокак, откако претседателот Димал Баша ја прогласи конститутивната седница во саботата за „затворена“ и покрај фактот дека не беше избран заменик-претседател од српската заедница. Овој потег беше поздравен од движењето Ветевендосје  како чекор кон функционалноста на институциите, но на него се спротивставија други партии и правни експерти, кои предупредуваат дека земјата би можела да се соочи со нова уставна криза, пренесе Лајми.нет

Газета експрес- Лепосавиќ: Уапсен, а потоа ослободен Србин, фатен како дели брошури – осомничен за поттикнување омраза

Пријавено е дека полициската единица за време на патрола наишла на машки српски државјанин кој делел брошури на српски јазик со содржини што подлежат  на кривично дело „Поттикнување омраза и нетрпеливост“. Со одлука на обвинителот, осомничениот по разговорот е пуштен на слобода, а предметот продолжува да се води по редовна постапка, пренесе Газета експрес.

Зери: Од Кувајт до Германија, косовската дијаспора е подготвена да гласа на локалните избори во октомври

Процесот на регистрација на гласачи надвор од Косово за локалните избори во октомври 2025 година беше завршен на 29 август, додека податоците објавени од Централната изборна комисија (ЦИК) покажуваат значителен интерес од дијаспората.

На врвот на листата со најмногу регистрирани гласачи на локалните избори е Германија со 21.500 регистрирани гласачи.

По Германија следат: Швајцарија со 11.024 регистрирани гласачи, Австрија со 2.468, Италија со 2.155 и Франција со 1.730 регистрирани гласачи, објави Зери.

КОЛУМНА

Коха – „Одговор до амбасадорот Небојша Вујовиќ: Србија која е во мир со себе и со своите соседи“

„Не знам какви ќе бидат случувањата во вашата земја, но знам едно, демократијата не е неизбежна. Значи, фактот дека имало и ќе има протести, фактот дека сега над половина од граѓаните го поддржуваат студентското движење не значи дека крајот на оваа криза ќе произведе демократска Србија. Авторитарната гравитација (поврзана со национализмот) е традиционално посилна и за ова не е потребна многу теоретска елаборација, доволно е да се погледне како Србија го започна овој век (во октомври 2000 година) и каде стигна сега.

Прифатете ги најдобрите желби за вас и вашата земја. Се надевам дека Србија конечно ќе се соочи со сегашноста и ќе излезе со мир и демократски консензус за држава што ќе биде наш европски сосед.“, пишува Авторот Ветон Сурои, во колумната „ Одговор до амбасадорот Небојша Вујовиќ: Србија која е во мир со себе и со своите соседи“, објавена во косовскиот дневник Коха.

Подготви: Д. Тахири

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ