• Latest

Украина го одбележува 20 февруари, Денот на Хероите на Небесните Стотина

February 20, 2022

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Украина го одбележува 20 февруари, Денот на Хероите на Небесните Стотина

February 20, 2022 10:14
in ОПШТЕСТВО, СВЕТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

На 20-ти февруари Украина го одбележува Денот на Хероите на Небесните Стотина (или како што ги викаат Украинците „Небесна сотња“) во согласност со Претседателската одлука од 2015 година „За почитување на херојството на Револуцијата на Достоинството и овековечување на споменот на Хероите на Небесните Стотина“.

На овој ден, Украинците им оддавaат почит на тие кои го променија текот на историјата во земјата. Повеќето од нив ги дадоа своите животи за време на Револуцијата на Достоинството (ноември 2013 година – февруари 2014 година), други го загубија животот подоцна – во март и април 2014 година, бранејќи ги идеалите на демократијата,  човековите права и слободи, европската иднина на Украина.

Човечкото достоинство е една од најважните лични вредности вградени во многу правни акти, вклучувајќи ги и меѓународните. Чувството за достоинство и чест, правото на самоопределување се главните вредности на Украинците.

Овие особини ги обединуваат хероите – борци за слобода и независност на Украина во различни времиња. Денес, во услови на војна на истокот на Украина, мора почесто да се сеќаваме на судбоносните настани кои станаа симбол на борбата за слобода и достоинство. Мајдан веќе не е само име на главен плоштад во Киев.

Мајдан стана симбол на слободата.

Револуцијата на Достоинството стана најголемиот протест во поновата историја на Украина, борбата на украинските граѓани за нивните права и демократскиот европски избор.

„Небесните Стотина“ – така ги именуваат загинатите учесници на Револуцијата на Достоинството.

Хероите на „Небесните Стотина“ се олицетворение на човечката, граѓанската и националната храброст и самопожртвуваност.

107-те загинати луѓе стана херои на Небесните Стотина. Тие се разликуваа по возраст, пол, образование, дојдени од различни региони на Украина и од странство. Меѓу нив имаше и успешни претприемачи и пензионери. Најстариот, Иван Наконечни, имаше 83 години, а најмладиот, Назариј Воитович  – само 16.

Евромајдан влезе во историјата на Украина како симбол и пример на пожртвуваност, патриотизам и херојство. Тој уште еднаш потврди дека во најкритичните и најважните периоди од историјата постојат херои подготвени да ги дадат своите животи за иднината на Украина како независна демократија. Престрелките во центарот на Киев ја достигнаа својата кулминација токму на 20 февруари. На тој ден во центарот на главниот град загинаа 48 лица.

Револуцијата на Достоинството докажа дека Украинците не само што го избраа патот кон Европа, туку и се подготвени да се борат за него, да ги бранат сопствените права и слободи.

Да се потсетиме. Во 1991 година Украина ја доби својата независност. Но Руската Федерација не се откажа од намери да го врати своето влијание врз Украина. Тоа го правеше преку заматување на украинскиот национален идентитет, манипулација со јазикот, хиперболизација на регионалните разлики, негирање на правото на Украинците да ја вратат националната меморија, финансирање и поткупување на украински политичари, воведување на свои агенти во одбранбените структури на земјата. Затоа, Украина уште долго време се наоѓаше под власт на тоталитарниот систем. Тоа придонесе за трансформација на Украина во сателит на Русија и сузбивање на граѓанските права и слободи.

Портокаловата револуција во 2004 година беше предизвикана од масовни брутални фалсификувања при гласањето и пребројувањето на гласовите на претседателските избори. Таа револуција беше сведок на раѓањето и развојот на граѓанското општество во Украина, неговата подготвеност да ги брани демократските слободи и човечкото достоинство, да преземе одговорност за сопствените избори.

На 21 ноември 2013 година, на деветата годишнина од Портокаловата револуција, започна Евромајдан.

Тоа го означи почетокот на она што сега е познато како Револуција на Достоинството. Нејзината главна цел беше враќање на Украина на европскиот пат на развој, приклучување на државата кон правниот и економскиот простор на Европската унија со склучување на договор за асоцијација со ЕУ, кој тогашниот претседател на Украина Виктор Јанукович одби да го потпише.

Ноќта на 30 ноември се случи крваво растерување на учесниците на Мајданот. Во судирите беа повредени 112 активисти и 45 новинари. Бруталните дејствија на властите предизвикаа силен масовен отпор. Следниот ден, 1 декември, повеќе од милион луѓе се собраа на Народен Собир.

Конфронтацијата меѓу учесниците на Револуцијата на Достоинството и поддржувачите на режимот на Јанукович траеше повеќе од три месеци. Во овој период центарот на главниот град стана центар на масовен отпор на граѓаните кои се спротивставија на актуелната власт и антидржавната политика што таа ја водеше. Учесниците на Мајдан поставија шаторски камп,  медицински шатори, бина, изградија барикади, организираа единици за самоодбрана итн. Територијата на Евромајдан стана центар на отпор на безбедносните сили на тогашните власти.

Тажниот список на Небесните Стотина почна да се пополнува на 22 јануари 2014 година, кога активистите на Мајдан Сергиј Нигојан од Ерменија и Михаило Жижневски од Белорусија загинаа од прострелни рани за време на судирите во центарот на главниот град. Истиот ден, телото на Јуриј Вербицки од Лавов со траги од тортура беше пронајдено во шума во близина на Киев. До 18 февруари 2014 година веќе имаше 9 мртви. Помеѓу 18 и 20 февруари беа убиени и повредени најголем број демонстранти – 80 лица. По 20 февруари – уште 20.

Сите тие се приклучија на пантеонот на борците за независност на Украина.

20 февруари 2014 година стана не само датум на уште еден официјален настан во календарот, туку своевидна точка на неповрат кон постсоветскиот модел на односи меѓу власта и општеството, кон старите корупциски шеми и, исто така, стана маркер за спротивставување на мултивекторизмот, т.е. проруската насока во надворешната политика. Бидејќи луѓето не само застанаа на Мајдан, за тоа беше платена многу висока цена. За  воспоставување слобода и демократија, Хероите на Небесните Стотина се жртвуваа себеси и на тој начин го променија текот на историјата на својата држава.

Небесните Стотина стана не само симбол на пожртвуваност, херојство и патриотизам, туку и пример и извор на инспирација за украинските војници кои достојно го бранат територијалниот интегритет на Украина на исток, потврдувајќи го човековото право на слободен живот.

Украинците го добија правото на демократски европски развој на државата и се подготвени да се борат за тоа и да ја исчистат од тоталитарното минато.

На стотина загинати на Мајдан за граѓанска храброст, патриотизам, херојска одбрана на уставните принципи на демократијата, човековите права и слободи за време на Револуцијата на Достоинството, постхумно им беше доделена титулата „Херој на Украина“ со наградување со орден Златна ѕвезда. Во 2014 година претседателот на Украина ја воведе државната награда „Орден на Херои на Небесните Стотина“.

Во 2015 година Кабинетот на министрите на Украина издаде наредба за основање на државна институција „Меморијален комплекс на Хероите на Небесните Стотина – Музеј на Револуцијата на Достоинството“.


Ukraine marks the Day of the Heavenly Hundred

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ