• Latest

Украина ја добива битката кај Харков – руските трупи ги повлекуваат силите од областа, украинската сили со контраофанзива во Изум

May 14, 2022

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украина ја добива битката кај Харков – руските трупи ги повлекуваат силите од областа, украинската сили со контраофанзива во Изум

May 14, 2022 18:51
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Руската војска најверојатно одлучила целосно да се повлече од своите позиции околу градот Харков поради украинските контраофанзиви и ограничената достапност на засилувања, соопшти Институтот за проучување на војната со седиште во САД, пренесува Укринформ.

„Руските единици генерално не се обидоа да се задржат против контранападите на украински сили во изминатите неколку дена, со неколку исклучоци“, се вели во извештајот.

Москва е фокусирана на спроведување на уредно повлекување и ставање приоритет на враќањето на Русите дома, сугерираат аналитичарите.

„Се чини дека Украина ја доби битката кај Харков. Украинските сили ги спречија руските трупи да го опкружат, а камоли да го заземат Харков, а потоа ги протераа од целиот град, како што направија со руските сили кои се обидоа да го заземат Киев“, се вели во ажурираните информации  на Институтот.

Украинските сили најверојатно ќе се обидат да ја нарушат барем најзападната копнена комуникациска линија (GLOC) меѓу Белгород и руските сили концентрирани околу Изиум.

Најверојатно, украинските сили го прекинаа рускиот обид на сила да ја премине реката Сиверски Донец, поткопувајќи ги руските напори за пренасочување на  масовни трупи во северниот дел на Донбас и завршување на опкружувањето на Сииверодоњецк и Лисичанск и нанесувајќи му катастрофални загуби на непријателот.

Забележано е и дека руските сили ги продолжиле офанзивните операции кон Славјанск, но не обезбедиле никакви територијални придобивки на 13 мај.

Руските сили продолжија со неповрзани и неуспешни офанзивни операции во близина на границата со регионот Доњецк, додека украинските сили уништија теренска командна станица таму.

Насоката Изиум останува најжешката точка во регионот, но вооружените сили на Украина започнаа контраофанзива и успеаја таму.

„Насоката Изиум останува најжешката точка. Нашите вооружени сили започнаа контраофанзива, непријателот се повлекува во некои насоки. И ова е резултат на решителноста на нашите вооружени сили. Ќе победиме“, објави на Телеграм шефот на Регионалната воена управа на Харков Олех Синехубов.

Синехубов ги повика граѓаните да не се враќаат веднаш во неодамна ослободените села бидејќи, повлекувајќи се, непријателот минирал апсолутно се.

Според  соопштението, непријателот не го гранатираше Харков во текот на изминатиот ден, наместо тоа се фокусираше на регионот и пукаше на Чухујев, Дерхачи, Золочив, Лозова и други локалитети.

Според американскиот Институт за проучување на војната, руската војска најверојатно одлучила целосно да се повлече од своите позиции околу Харков поради украинските контранапади и ограничените можности за засилување.

Подготви: Д.Мишев

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ