Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаил Подољак вчера изјави дека Кијив не прифаќа никаков мировен договор со Москва што ќе и овозможи на Русија да ја задржи окупираната украинска територија од руските сили, изјави денеска советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаил Подољак, откако рускиот претседател Владимир Путин вчера му нареди на министерот за одбрана Сергеј Шојгу да воведе 36-часовен прекин на огнот на целиот фронт почнувајќи денеска на пладне.
– Руската Федерација (Путин) под зборот разговор и нуди на Украина и на светот да го признаат нејзиното право да окупира странски територии и да го решат отсуството на правни последици за масовни убиства на странска територија. Тоа е целосно неприфатливо, напиша Подољак на Твитер.
Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев денеска изјави дека Киев со одбивањето на примирјето не ја прифаќа „раката на христијанската милост“, но и „помалку проблеми“ за руските војници.
Патријархот московски и на цела Русија, Кирил повика на божиќен прекин на огнот во Украина и Донбас. Тој истакна дека тоа е неопходно за православните верници да можат да присуствуваат на богослужбите на Бадник и на Божиќ.
Украина и нејзините сојузници оценија дека Русија донела одлука за примирје за да добие на време.
Русија на 24 февруари минатата година ја нападна Украина. Досега немаше примирје на целата територија на Украина, но имаше локални договори за прекин на огнот, во април и во мај 2022 година кога цивилите беа евакуирани од фабриката во Мариупол.