Ситуацијата во зоната на одговорност на Курската група на сили останува стабилна и под контрола на украинските сили, при што некои украински единици продолжуваат да држат позиции на руска територија, изјави оортпаролот на Курската група на сили, Олександр Невидомиј, пренесува Укринформ.
„Ситуацијата во зоната на одговорност на Курската група на сили е стабилна и контролирана од нашите сили. Насоката останува доста активна, и покрај релативното намалување на непријателските напади. Сепак, непријателот не ги напуштил своите планови за создавање на таканаречената „тампон зона“. Ние, од наша страна, ги попречуваме овие намери. Некои од нашите единици продолжуваат да држат позиции на територијата на Руската Федерација. Со други зборови, Курската група на сили продолжува да ги исполнува своите доделени борбени задачи“, рече Невидомиј.
Невидоми додаде дека во зоната на одговорност на Курската група на сили, непријателот активно користи разни видови беспилотни летала. Тој исто така истакна дека во текот на денот, Русите вршат просечно до 15 воздушни напади користејќи водени воздушни бомби.
„Еден удар вклучува околу 30 КАБ [лизгачки бомби] кои се фрлаат. Тие се користат поретко длабоко во оперативната зона. Непријателот главно се стреми да ги оштети борбените формации на нашата група“, додаде тој.
Како што претходно објави Укринформ, од почетокот на денот имало 70 борбени ангажмани меѓу вооружените сили на Украина и руските трупи, вклучувајќи 24 во секторот Покровск.
Д. Мишев











 
			
 

 
 
 
 
