Шефот на Државната специјална служба за комуникации, Јуриј Шчихол, во интервју за Сегодња, рече дека на почетокот на руската инвазија, се наметнало прашањето за рестрикција на повици од украинските СИМ-картички кон претплатниците на руските оператори, пренесува Укринформ.
„На почетокот на руската воена инвазија, беше разгледана одлуката да се ограничат повиците од украинските СИМ-картички кон претплатниците на руските оператори. Всушност, таа беше речиси одобрена, но беше одлучено да се откаже. Ова овозможи пресретнување на комуникациите на непријателските сили, чиишто системи за комуникација се покажаа неспособни, да добијат многу разузнавачки информации што е исклучително важно за нашата борба против агресорот“,изјави Шефот на Државната специјална служба за комуникации.
Одговарајќи на прашања за можните руски пресретнувања на украинските повици, Шчихол истакна дека засега нема докази дека руските сили се способни да ги прислушуваат украинските комуникации.
„Сите такви изјави се покажаа како лажни и дел од информации и психолошка војна. Нивната цел е да ги заплашат Украинците, како и да ги принудат нашите граѓани да престанат да известуваат за локацијата на непријателската опрема“, рече Шчихол.
Тој додаде дека ова не е единствениот случај каде што се шират дезинформации меѓу граѓаните, го спомена примерот на лажниот извештај во кој се тврди дека Украинците може да примаат повици доцна во ноќта од неидентификувани броеви, што ќе им помогне на непријателските сили даидентификуваат цели за бомбардирање. Во таа порака на луѓето им се советуваше да ги држат телефоните исклучени преку ноќ. „Се разбира, тоа тврдење се покажа како лажно.
Д.Мишев