• Latest

Украинската војска известува за жестоки борби на источниот фронт

August 15, 2024
Фото: Скринчот од видео на TRT world/ Instagram

Крајнодесничарски израелски министер провоцира молејќи се на најчувствителното свето место во Ерусалим, прекршувајќи го деценискиот договор за забрана на Евреите да се молат таму

August 3, 2025

„Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

August 3, 2025
Фото: Амбасадорката на Умраина во Северна Маледонија Лариса Дир / Х

Амбасадорката Дир: Благодарност до Општина Кавадарци и градоначалникот Јанчев за 2 недели мир, радост за украинските деца погодени од руските нападите

August 3, 2025
Фото: Демократска унија за интеграциа / Фејсбук

(ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

August 3, 2025
Фото: Здружението на палестинска црвена полумесечина сподели фотографии на кои се гледаат големи штети на неговото седиште.

Хуманитарна организација ја обвини израелска војска дека убила нејзин работник во напад врз седиштето во Газа

August 3, 2025
Украинските службеници за спроведување на законот приведоа осомничен за наводно вмешаност во шема за поткуп на високо ниво, откриена од антикорупциските агенции на 2 август 2025 година. Фото: Национално биро за борба против корупцијата / Телеграм

Украинските антикорупциски агенции открија шема за поткуп во набавката на дронови во која се вклучени пратеници

August 3, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Што беше тоа швенк?

August 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Републиканците го критикуваат Трамп за отпуштањето на шефицата на Бирото за статистика на трудот – не му се допаднале податоците за забавување на работните места

August 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас одбива да се разоружа додека не се воспостави палестинска држава со Ерусалим како главен град

August 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Denver7

Нов силен земјотрес од 6,7 степени според Рихтер ги погоди Курилски Острови на истокот на Русија

August 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Украинската војска известува за жестоки борби на источниот фронт

August 15, 2024 19:58
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Портпаролот на вооружените сили на Украина (ВСУ) Дмитро Лихови соопшти дека една недела по нивното навлегување во руската област Курск, нема знаци за намалување на рускиот воен притисок во источниот дел на Украина. Најжестоките борби во последните недели се водат околу градот Покровск во Доњецката област.

Украина започна голема офанзива во руската Курска област на 6 август. Според некои воени аналитичари, една од причините за овој потег е обид за одвлекување на руските резерви од источниот фронт.

Лихови изјави дека Русија преместила дел од своите трупи од окупираните јужни украински територии кон други насоки, но дека засега не може да се смета на значајно прераспоредување на силите на Москва.

– Не се забележани значителни промени во големината на групирањето. Бројот на личен состав не е променет доволно за да укаже на некакви разлики или слабеење на борбените дејствија, изјави Лихови на националната телевизија.

Сергеј Цехоцки, офицер од 59-та механизирана бригада на ВСУ, соопшти дека нема намалување на рускиот притисок во делумно окупираната Донецка област, каде Русија веќе месеци наназад ги концентрира своите напади.

„Непријателот, и покрај случувањата на руската територија, сè уште се обидува да ги концентрира своите трупи во овој правец и да постигне успех“, изјави Цехоцки на националната телевизија. Според него, руските сили ги искористиле сите свои достапни резерви во Донецката област и „навистина вршат притисок“ врз украинските сили во регионот.

Генералниот штаб на ВСУ соопшти дека денеска се одржале 58 битки меѓу силите на Киев и Москва на фронтот околу градот Покровск, кој е под контрола на Киев. Раководителот на градската воена администрација, Сергј Добрак, ги повика локалните жители на евакуација, бидејќи противничките сили се само на 10 километри од предградието на градот.

Популарниот украински воен блог „Дипстејт“ известува дека Русија напредувала во селата Желане и Орливка на источниот фронт во Украина доцна синоќа. /МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ДипстејтДмитро ЛиховиКурскРусијаУкраина
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

    Збрка и будалаштина

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Пропагандата гази и преку мртви тела: Две човечки жртви во пожарите, за ВМРО-ДПМНЕ се – нула

    87 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ