Руските сили наводно собориле 128 беспилотни летала во текот на ноќта на 26 февруари над неколку руски региони и полуостровот Крим, привремено окупиран од Русија, тврди Министерството за одбрана на земјата, пренесува Кијив индипендент.
Руските воздухопловни сили соборија 83 беспилотни летала над Краснодарскиот крај и уништија уште 30 дронови над Крим окупиран од Русија. Осум беспилотни летала беа соборени над Азов, додека други пет над Црното Море. Русија, исто така, наводно соборила едно беспилотно летало во Брјанск и друго во Курската област.
Жителите пријавиле експлозии во градовите Туапсе и Анапа во Краснодарскиот крај, додека аеродромот во Сочи е затворен поради напад со дрон, објави независниот Телеграмски канал Астра. Според каналот, наводно цел било и трговското пристаниште Туапсе.
Гувернерот на Краснодарскиот крај, Вениамин Кондратиев изјави дека нема жртви во регионот, но неколку куќи се оштетени.
Украина рутински започнува длабоки напади против воени и индустриски капацитети во Русија, првенствено потпирајќи се на домашно развиените беспилотни летала.
Кијив особено ја таргетира руската инфраструктура за фосилни горива, како дел од својата стратегија да го поткопа финансирањето за војната на Кремљ.
Драган Мишев