Украинските пратеници денеска изгласаа да им се укине имунитетот од кривично гонење.
Тоа е еден од начините да се исполни предизборното ветување на претседателот Володимир Зеленски дека ќе се отстрани корупцијата во политиката, коментираат светските медиуми.
Претходно, на пратениците можеше да им биде укинат имунитетот само со гласање во парламентот за поединечни случаи.
извор: МИА