Заменик-министерот за одбрана на Украина, Хана Малиар рече дека Украина ја вратила територијата од целиот источен град, но руските сили „донекаде“ напреднале во градот, пренесува Гардијан.
Украинските сили во изминатите денови вратија околу 20 квадратни километри територија од руските сили околу источниот град Бахмут, изјави во вторникот заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Малиар. Таа додаде дека руските сили напреднале „донекаде“ во самиот град Бахмут и дека тешките борби продолжуваат.
Малиар, којa, како што пренесува finance.yahoo , претходно посочи дека украинскиот напредок околу Бахмут не е дел од пошироката контраофанзива планирана од Кијив, рече дека случувањата таму „не треба да се извадат од контекст“.
Таа повтори дека Русија испраќа нови падобранци целосно уништувајќи го градот со артилерија.
Според Институтот за изучување на војната (ISW), тинк-тенк организација со седиште во Вашингтон руските сили веројатно се обврзале да ги зајакнат своите тактички офанзивни напори во областа Бахмут и покрај очигледниот фокус на Украина на ограничени и локализирани контранапади.
Шефот на самопрогласената република во Донецк, Денис Пушилин на 16 мај тврдеше дека руските сили ги зајакнале своите сили во областа Бахмут за да ја стабилизираат ситуацијата, а истакнат руски милблогер тврди дека четири неодредени руски баталјони се распоредиле на крилата околу Бахмут за да спречат украински пробиви.
Руските тврдења за руското засилување се во согласност со изјавата на украинската заменик-министерка за одбрана Хана Маљар од 15 мај дека руските сили распоредуваат дополнителни воздушни сили (ВДВ) за да ги одбранат крилата на Бахмут, веројатно од други области на фронтот.
Руските сили продолжија да остваруваат маргинални придобивки во самиот Бахмут од 16 мај, а руското Министерство за одбрана (МО) продолжува да тврди дека руските сили околу Бахмут се фокусирани на одбивање на украинските контранапади.
Руското Министерство за одбрана на 16 мај тврдеше дека елементите на 4-та моторизирана пешадиска бригада (2-ри корпус на Народната република Луганска армија) одбиле 10 украински контранапади во близина на Иванивске (6 километри западно од Бахмут).
Подготви: Д. Мишев