Украинскиот генерал-полковник Кирило Буданов, шеф на воената разузнавачка служба на Украина, се осврна на веројатниот исход од војната во интервју за Воената зона (The War Zone). Тој смета дека украинската контраофанзива за враќање на Kерсон ќе биде завршена до крајот на следниот месец.
Русија во моментов се прегрупира во таа област со околу 40.000 војници, вклучувајќи ги и најобучените и најспособните руски единици. Тоа вклучува противвоздушна одбрана, сили за специјални операции и поморска пешадија, истакна Буданов.
Запрашан дали Украина планира контраофанзива на Крим, кој беше анексиран во 2014 година, генерал-полковник Буданов нагласи дека тоа „ќе се случи следната година“.
На прашањето кога ќе заврши војната, тој изјави дека добра можност за завршување на војната ќе биде штом Украина ќе се врати на границите од 1991 година, кога ја стекна независност од Русија.
Буданов додаде дека тоа ќе се случи „идната година“. Запрашан дали рускиот претседател Владимир Путин ќе преживее политички, генерал-мајор Буданов рече: „Малку е веројатно дека ќе преживее. Токму сега во Русија се водат активни дискусии за тоа кој би можел да го замени“.