• Latest
Мартин Лутер Кинг, 1963 (фото извор: Wikimedia Commons)

УЛОГАТА НА БРОЈНОСТА КАЈ НЕНАСИЛНИТЕ ПРОТЕСТИ ЗА НИВНИОТ УСПЕХ: Пресудните 3,5 проценти

March 29, 2025

24 ЧАСА: Една изборна единица влезе во Собрание; Мицкоски тврди дека сме во топ 5 економии во Европа; Коридорите спречени од неефикасноста; Русија во шок по украинскиот напад

June 2, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

„Све је исто, само њега нема“ – Мицкоски ја презема „штафетата“ од Груевски

June 2, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

Вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците ќе ги добијат платите кога ќе се донесе Законот

June 2, 2025
Фото: Скриншот

Стармер: Британија преминува во воена подготвеност – зајакнување на НАТО и забрзан развој на воена технологија

June 2, 2025

ЕК за укрaинско-руските преговори во Истанбул: Украина одлучува за условите за мировните преговори

June 2, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Договорот помеѓу Албанија и Грција за Јонското море повторно на маса; Пензискиот договор со Италија ги гарантира правата на околу 500 илјади албански граѓани; Не успеа ниту 25-от обид з конституирање на косовското собрание

June 2, 2025
Фото: УНИЦЕФ

УНИЦЕФ: Децата и младите против врсничкото насилство и говорот на омраза на интернет

June 2, 2025
Фото: миа.мк

Нова рунда преговори Белград-Приштина во Брисел

June 2, 2025
Илустрација: ЦИВИЛ

Реформска агенда: „Жежок“ јуни за Македонија, ја чека многу работа за да ги добие парите од ЕУ

June 2, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Час поскоро преговори за членство во ЕУ, расчистување на криминалот, вработувања за невработени со факултет- и порачаа граѓаните на власта

June 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

УЛОГАТА НА БРОЈНОСТА КАЈ НЕНАСИЛНИТЕ ПРОТЕСТИ ЗА НИВНИОТ УСПЕХ: Пресудните 3,5 проценти

Западен Балкан бележи многу улични протести во еден збиен редослед. Додека властите во Унгарија, Србија и Македонија гледаат во нив низ призмата на некакво надворешно влијание, иако „чкрапалото“ е и различно и слично кај трите земји. Во основа, тие настани имаат еден сублимат: т.н. „капиларно владеење“ на актуелната власт добива соодветен одговор преку форма на непосредната демократија. Зошто одеднаш станува интересна формулата на американската научна работничка Ерика Ченовет и нејзината формула за „3,5 отсто“ како мерило за успешноста на ненасилните протести?

March 29, 2025 10:21
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Мартин Лутер Кинг, 1963 (фото извор: Wikimedia Commons)

Мартин Лутер Кинг, 1963 (фото извор: Wikimedia Commons)

Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Веќе четири месеци во Србија траат масовните протести покренати од студентите, но прифатени од многу други граѓански структури, што видно го потресуваат режимот на Александар Вучиќ. Протести имаше и во Будимпешта што се задоени од незадоволството како автократот Виктор Орбан ја води земјата. Протести што се слични по своите барања, а до некаде и по мотивот, да започнат со искажување на револт и барање на одговорност започнаа и кај нас.

Во сите наведени случаи тие се секогаш израз на отуѓеност на јавноста од самозадоволната власт. Особено кога истата се обидува да се заштити на многу начини од одговорност и кога во земјата доаѓа до несреќи со многу жртви, што беше случај во Србија и кај нас.

Несреќата само како мотив за тивко тагување

Констатацијата на главниот уредник на „среќната“ Happy телевизија, Миломир Мариќ, пред некое утро, дека повторувањето на протестите од Србија во Македонија е просто навредливо, бидејќи, ете, неговата земја толку многу сочувствува во моментите на масовната гибел во Кочани, а уште повеќе со згрижување и лекување на дел од повредените, некако беше првиот, но не безначаен знак дека северно од нас медиумите не се подготвени да го поздрават она што се случуваше во Кочани ден по злокобниот датум, 16 март, а потоа почна да се повторува во Скопје и во многу други градови. Јасно, се мисли на протестите, посебно на паролата КРВАВИ ВИ СЕ РАЦЕТЕ.

Медиумите во Србија се во најголем дел протагонисти на политиката на претседателот Вучиќ како и оние кај нас во однос на актуелната власт, што е прв, но значаен момент на меѓусебно копирање на моделите на владеење! Може ли тоа како практика од овие редакции да е прогласено како навредливо? Не секако, ама прво го имаме начинот со кој се владее во една земја, а потоа она другото – одгласот кај народот. Или, споредливоста се гледа во обидот да се имитира потпирањето врз унгарско-кинеската политичко-економска рецептура? На тоа пак се гледа благонаклонето. Или што би рекле во овие медиуми – се подразбира.

ПАРОЛА КОЈА И НАМ НЕ НИ Е ТУЃА „Сакаме подобар живот, а не несреќни луѓе“ – Една од пораките на српските протестанти (Белград, 15 март 2025, скриншот од снимка со дрон)

Мрморење во име на „авторските права“ на мирни протести!?

За тоа кој колку помага, да се вратиме на уредникот Мариќ и неговата констатација од погоре, повеќе е од јасно дека помошта во Србија е дел од чувствата на поврзаност меѓу народите во едната и друга земја и тоа се покажало со децении наназад! И мора на тоа да се гледа низ таа призма.

Секако, има доста сличности со други моменти врзани за трагедиите таму и ваму и тоа не е израз на дејствување на некакви странски сили, што често и се истакнува, туку е просто своевидна техника да се одржи тоа незадоволство во максимално ненасилни рамки.

Такви беа минатите денови кај нас  – имаше само мирни изрази на незадоволство, како впрочем и во Србија, ама не се работеше за протест заради некакви „авторски права“ на учесниците во собирите таму и кај нас. Сличноста е само во мотивот и техниката на организирање и изведување (изразување), а ако веќе се влечеме за јазик многу повеќе се гледа „близнакот“ во методот и реториката на заедничкиот одговор, карактеристичен и за владејачката олигархија во Белград и онаа во македонските градови, што се применува наспроти барањето за одговорност после големи несреќи.

Во Србија сè почна со необјаснивото масовно убиство во едно основно училиште, продолжи со масакрот што едно момче – инаку син на моќен офицер во Генералштабот на српската војска –  го направи во селата близу Младеновац, а се продолжи после рушењето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.

Кај нас, најпрвин имавме задушување на протестите против неодговорноста кај сообраќајните несреќи во кои гинат пешаци, што и покрај тоа даде кусотраен резултат, со притисок кон судството кое се чини е доста индифeрентно кон овој проблем; и тука мотивот беше врзан за млад човек кој потекнува од семејство на еден од највисоките офицери во АРМ (!). Протестите беа замолкнати на еден затскриен начин, во стравот на политичката елита дека брзо организираните изрази на незадоволство можат да се прошират на други прашања. А такви секако има. И тие тоа го знаат. Несреќите со прегазени граѓани на пешачки премини кај нас продолжија да се случуваат со несмалено темпо.

КОЈ ВЕЛИ НЕМАЛО МНОГУ Провладините медиуми се обидуваат да го минимизираат протестот во Скопје

Формула за успех на протестите која се докажува?!

Но, се случи, за жал, пожарот во дискотеката во Кочани, со која влегуваме во светските анали според бројот на жртвите! И одново Балканот станува видно поле на судир на општеството и државата. Имавме протести деновиве и најава за нови. Организацијата е импресивна а посетеноста на завидно ниво за секој субјект што е вклучен во нивно осмислување.

Затоа, станува актуелно прашањето – дали овие протести навистина можат да го променат системот. Едно гостување на европратеникот Гордан Босанац, од редовите на зелените партии, ми даде поттик за размислување во таа насока.

„Американска авторка која забележала ненасилни промени на власта, научно го докажала правилото наречено 3,5 отсто. кое вели дека ако 3,5 отсто од граѓаните на една земја излезат на улица во ненасилен отпор, тогаш веројатноста дека авторитарниот режим ќе биде заменет е доста голема. Мислам дека Србија ја надмина таа бројка од 3,5 отсто и се надевам дека тоа ќе биде ненасилно, но и научно, па ќе помине со тивок трансфер на власта“, заклучува Босанац во интервју за српската телевизија N1.

New special committee on Housing Crisis – HOUS constitutive meeting

Овој гостин припаѓа на оние 32 европарламентарци кои упатија прекор до Фон дер Лајен заради тоа што среде огромните протести во Србија го прими Вучиќ со што на некој начин му даде поткрепа.

Дејвид Робсон од Би-Би-Си деновиве направи анализа токму на оваа тема – ненасилни протести и промени на власта во светот. Тој споменува дека во 1986 година, милиони Филипинци излегле на улиците на Манила на мирни протести и молитва за време на револуцијата на Народната моќ. Режимот на Маркос паднал четвртиот ден. Понатаму, потсетува дека народот на Грузија го собори Едуард Шеварнадзе во Револуцијата на розите во 2003 година, кога демонстрантите упаднаа во зградата на парламентот носејќи цвеќиња.

Во секој од овие случаи, граѓанскиот отпор од обичните членови на јавноста ја совлада политичката елита и доведе до радикални промени.

Се разбира, постојат многу етички причини да се користат ненасилни средства. Оттаму да се вратиме на изворот што го споменува европратеникот а кој ја мери тежината на ненасилните промени од овој вид. Тоа е познато во науката како – правилото на 3,5 отсто.

Граѓанската непослушност не е само морален избор

Се работи за впечатливото истражување на Ерика Ченовет, политиколог од Универзитетот Харвард, што потврдува дека граѓанската непослушност не е само морален избор; тоа е и најмоќниот начин да се влијае на светската политика – и тоа со убедлива маргина.

Проучувајќи стотици кампањи од минатиот век, Ченовет открила дека ненасилните движења имаат двојно поголема веројатност да ги постигнат своите цели отколку насилните.

И додека точната динамика ќе зависи од многу фактори, таа покажа дека потребни се околу 3,5 отсто од населението активно да учествуваат во протестите за да се обезбедат сериозни политички промени.

ЕРИКА ЧЕНОВЕТ Истражувачка на протестите за која кај нас малку се знае (фото извор: скриншот од видео, TED Boulder, 4.11.2013)

Влијанието на Ченовет може да се види во неодамнешните протести на Extinction Rebellion, протестите на екологистите од целиот свет, пројавени по различни земји на Западот, чии основачи велат дека биле директно инспирирани од нејзините наоди. Па, како таа дојде до овие заклучоци?

Факт е дека Ерика Ченовет по сопствено признание се потпира на филозофиите на многу влијателни историски личности. Меѓу нив се афроамериканскиот аболиционист Соџурнер Трут, водачот на суфражистите Сузан Б. Ентони, индискиот борец за независност Махатма Ганди и американскиот водач за граѓански права Мартин Лутер Кинг што дале убедливи аргументи за моќта на мирниот протест.

Авторката претходно била цинична кон ненасилните протести

Битно е да се каже дека Ченовет признава дека кога го започнала своето истражување во средината на 2000-та, на почетокот била прилично цинична во врска со идејата дека ненасилната акција може да биде поефикасна од вооружениот конфликт во повеќето ситуации.

Како докторанд на Универзитетот во Колорадо, таа поминала години проучувајќи ги факторите кои придонесуваат за порастот на тероризмот кога била поканета да присуствува на академска работилница организирана од Меѓународниот центар за ненасилни конфликти (ICNC), непрофитна организација во Вашингтон.

Таа била изненадена кога открила дека никој не ги споредил исцрпно стапките на успех на ненасилните и насилните протести; можеби студиите во нејзиниот случај биле едноставно избрани преку некаква пристрасност за потврда.

„Навистина бев мотивирана од скептицизмот за идејата дека ненасилниот отпор може да биде ефективен метод за постигнување големи трансформации во општеството“, вели таа. Инаку работела заедно со Марија Стивен, истражувач во ICNC. Заедно, тие исцрпно ја прегледале литературата за граѓанскиот отпор и социјалните движења од 1900 до 2006 година – збир на податоци што подоцна била потврдена од експерти во областа.

Кога ненасилен протест е успешен?

Што било знак на успех на ваков протест? Првенствено биле земени предвид обидите за промена на режимот. Движењето се сметало за успешно ако целосно ги постигнало своите цели, и во рок од една година од врвот на своите активности и како директна последица на нивните активности.

Промената на режимот како резултат на странска воена интервенција не се сметала за успешна, на пример.

Што значи тоа ненасилни протести? Движењето се сметало за насилно ако вклучува бомбашки напади, киднапирања, уништување на инфраструктурата – или каква било друга физичка штета нанесена на луѓе или имот. „Се обидовме да примениме прилично строг тест за ненасилен отпор како стратегија“, вели Ченовет.

Критериумите биле толку строги што индиското движење за независност не се сметаше за доказ во корист на ненасилен протест во анализата на Ерика Ченовет и Марија Стивен – бидејќи за одлучувачки фактор се сметала ослабената воена моќ на Британија, дури и ако самите протести имале огромно влијание.

На крајот од овој процес, тие собрале податоци за 323 насилни и ненасилни движења. А резултатите објавени во нивната книга „Зошто функционира граѓанскиот отпор: Стратегиската логика на ненасилниот конфликт“. Одгласот бил впечатлив.

Генерално, заклучокот од истражувањето бил о дека ненасилните кампањи биле двојно поуспешни од насилните: довеле до политички промени во дури 53 проценти од случаите, за разлика од насилните протести, кои биле успешни само во 26 проценти.

ЗОШТО ГРАЃАНСКИОТ ОТПОРТ УСПЕВА Ченовет стана влијателна низ целиот свет

Ненасилството поуспешно од агресијата

Ова беше делумно резултат на силата во бројките. Ченовет тврди дека ненасилните движења имаат поголеми шанси за успех бидејќи можат да регрутираат многу повеќе учесници од многу поширока демографска група, што може да доведе до сериозна блокада што го парализира нормалниот урбан живот и функционирањето на општеството.

Покрај тоа, од 25-те најголеми кампањи што ги проучувале, 20 биле ненасилни, а 14 од нив биле со очевидни успеси.

Севкупно, ненасилните движења привлекле околу четири пати повеќе учесници (200.000) од просечното насилно движење (50.000).

Револуцијата на народната моќ против режимот на Фердинанд Маркос на Филипините, на пример, собрале два милиони учесници на својот врв, додека Бразилското востание од 1984 и 1985 година привлекло еден милион, а Сомотската револуција во Чехословачка во 1989 година привлекла 500.000 учесници.

„Броевите се навистина важни за да се постигне сила која може да претставува сериозен предизвик или закана за вкоренетите власти или окупаторот“, вели Ченовет – и ненасилните протести изгледаат како најдобар начин да се добие таа широка поддршка.

Штом 3,5 отсто од вкупното население ќе почне активно да учествува, успехот изгледа неизбежен. Тука се споменува и движењето „Народната моќ“, а прагот на поддршка од 3,5 отсто го достигнала и „Револуцијата на пеење“ во Естонија и „Розовите“ во Грузија.

„Никогаш немаше ниту една неуспешна кампања откако го достигна прагот на поддршка од 3,5 проценти за време на клучен настан на врвот на ангажманот“, вели Ченовет – феномен што таа го нарекува „правило од 3,5 проценти“.

Можеби најочигледно од сè, насилните протести нужно ги исклучуваат луѓето кои презираат или се плашат од крвопролевање, додека мирните демонстранти можат да ги гледаат работите од морална височина.

Ченовет истакнува дека ненасилните протести имаат и помалку физички бариери за учество. Не мора да сте здрави или физички способни за да учествувате во штрајк, додека насилните кампањи обично се потпираат на поддршката од физички подготвени млади луѓе.

Protest rally at Wenceslas Square, Prague, Czechoslovakia during the Velvet Revolution in 1989 with the National Museum behind. Probably taken in the later part of the period 24–28 November 1989. The photographer was present as a tourist. | Shot using a Nikon Nikkormat FT2 body and Nikkor 105mm f/2.5 lens using Ilford HP5 135-36 filmstock with later digital processing by Pixel Grain, Berlin, Germany and Digital Darkroom Berlin, Germany | ISO 6709:2022 +50.07997+014.42945/ | The location information provided is approximate | Metadata timestamp 30-Oct-2024 21:42:07 +0000 (UTC) | Please contact the photographer if you can provide further information on the material shown in this image using the email address listed in the Artist tag
СОМОТСКА РЕВОЛУЦИЈА Со учество на половина милион демонстранти се сруши системот во некогашна Чехословачка (фото извор: Wikimedia Commons)

Кога полицијата се плаши да нападне – во масата може да има членови на нивните семејства

И додека многу форми на ненасилни протести носат сериозни ризици – да се сетиме на убиените демонстранти од плоштадот Тјенанмен во Пекинг во 1989 година, Ченовет тврди дека за ненасилните кампањи генерално е полесно да се зборува отворено, што значи дека вестите за нив можат да допрат до пошироката јавност.

Насилните движења, од друга страна, бараат постојано снабдување со оружје и обично се потпираат на повеќе тајни подземни операции кои може да имаат проблем да допрат до пошироката популација.

Со ангажирање широка поддршка од целото население, ненасилните активисти имаат поголеми шанси да добијат поддршка и меѓу полицијата и војската – токму групите на кои владата треба да се потпре за да го врати редот.

Еден пример е доста интересен – за време на мирен масовен уличен протест на многу луѓе, безбедносните сили може да стравуваат дека членовите на нивните семејства или пријатели се исто така во толпата – што значи дека нема да можат ефикасно да го потиснат движењето.

„Или кога ќе го погледнат огромниот број на луѓе кои учествуваат, можеби ќе дојдат до заклучок дека нема враќање назад сега и дека не сакаат да учествуваат во тоа“, вели Ченовет.

Ова се, се разбира, многу општи обрасци, и покрај тоа што беа двојно поуспешни од насилните конфликти, мирните отпори сепак не успеаја во 47 проценти од случаите.

Впрочем, не е лесно да се мине таа граница од 3,5 отсто од населението која активно би подржувала таков протест со амбициозни намери. На пример, во Обединетото Кралство, за ова ќе бидат потребни 2,3 милиони луѓе активно да учествуваат во движењето – приближно двапати поголема од Бирмингем, вториот по големина град во ОК – а во САД ќе бидат потребни 11 милиони граѓани – повеќе од целото население на Њујорк.

Оригиналната студија на Ерика Ченовет и Марија Стивен за прв пат беше објавена во 2011 година, а нивните наоди оттогаш привлекоа големо внимание.

Историјата покажува дека дури и најмоќните режими се ранливи кога се соочени со народ што стои цврсто и одбива да се покори.


Специјални за ЦивилМедиа. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО: Костовски говори за принципот 3,5% во изданието на КОЛЕГИУМ од 28 март 2025
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео од наводниот напад објавено од SBU  (Украинска безбедносна служба) на 1 јуни 2025 година

    Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Експлозија во Ставропол го уби рускиот функционер кој ги предводеше нападите врз украинскиот Мариупол

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Рамбл, инвестицијата на Крис Павловски во Македонија, дел од пропагандната мрежа на Кремљ

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Илон Маск ја напушта Белата куќа

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ