• Latest

Улогата на Катица Јанева во аферата „Рекет“

August 29, 2019

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Улогата на Катица Јанева во аферата „Рекет“

Наместо да биде чувар на правото и правдата, таа стана заштитник на криминалот и корупцијата во државата! Можеби проблем беше тоа што немаше кој да го контролира „стражарот!“ Обвинител(к)ите од СЈО се огласија и почнаа да се оградуваат од нивната шефица и да изнесуваат критики на  нејзината работа дури откако таа беше притворена!

August 29, 2019 11:47
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: КОСТА СТОИМЕНОВСКИ

Чесите се познати шегаџии (Добриот војник Швејк), но, имаат и многу мудри изреки. Една од нив гласи: „Секој раководител можеш да го уапсиш и не мора да му објаснуваш зошто го апсиш, тој самиот си знае зошто го апсат!“

По завршувањето на средното економско училиште во Кочани, една година работев како учител во делчевски Костин Дол (село со вакво име има и во кочанска општина). Претседателот на општинската организација на СКМ ме наговори да се зачленам во Сојузот на комунистите и да бидам на чело на месната организација на СКМ. Меѓутоа, за зачленување во СКМ требаше да положам тест за чесност. За Делчево одев пешки преку с. Драмче (околу 20 км.), бидејќи во тоа време немаше автобуси. Служителот во школото ми рече дека „во с. Драмче е најден паричник, некои луѓе виделе како си минувал низ ова село и мислат дека паричникот е твој.“ Му реков дека не сум загубил никаков паричник и дека најдениот паричник не е мој, но, тој упорно ме убедуваше дека паричникот е сепак мој! По ваквото „тестирање“ бев примен за член на СКМ! А, сега некои луѓе почесто ги менуваат партиите отколу чорапите!

Во времето кога студирав, на скопскиот Економски факултет  професор беше и Вјекослав Мајснер, кој не само што држеше маестрални предавања за техниката на надворешната трговија и девизниот систем, туку на студентите им кажуваше и многу поучни работи, меѓу кои и следниот дијалог:

– Како да ја чуваме оваа работа?

– Па, ќе поставиме стражар!

– А, кој ќе го чува стражарот?“

Психолози, невролози, психијатри и слични медицински стручњаци тврдат дека моќта предизвикува мозочни оштетувања кои го нарушуваат мозочниот процес, растројство на личноста, психопатија, патолошки егоизам, налудничави мегаломански идеи, оперираност од срам, отсуство на морални вредности кај лица со скромен интелектуален и образовен потенцијал и сл..

Наведените уводни елементи имаат допирни точки со аферата „Рекет“ и со „феноменот“ Катица Јанева (К.Ј.). Кога беше промовирана за шефица на СЈО, К.Ј. оставаше впечаток на скромна, несигурна и подисплашена личност. Поради задачата што ја доби за расчистување со криминалот и корупцијата и за воспоставување на владеење на правото и правдата во државата, К. Ј. имаше силна подршка од политиката, од јавноста и од медиумите. Јавноста ја сожалуваше поради опструкциите што ѝ ги правеше Советот на јавни обвинители  околу екипирањето на СЈО. Во почетокот, луѓето имаа голема доверба во СЈО и безрезервно ја подржуваа неговата работа, а анкетите покажуваа дека ова обвинителство има највисок рејтинг во државата! Со текот на времето шефицата на СЈО настапуваше сѐ посамоуверено, па дури и препотентно. Поради поддршката што ја имаше во општеството таа се занесуваше дека е најважна личност во државата и дека може да прави што си сака, а при тоа никому да не одговара за своите постапки! Поради поддршката што ја имаше од моќни политичари, таа кон нив се однесуваше крајно сервилно и  беспоговорно ги исполнуваше нивните  желби!

Во повеќе написи изразив сомнежи за постоење на договор „под маса“ на македонските политички елити за немање на реваншизам: „Не те дирам, не ме дирај!“ Ваков договор беше постигнат при промената на власта во 1998 година, кој, согласно некои индикации, сѐ уште се почитува! За бегството на поранешниот премиер се шират разни верзии, но, индикативно е тоа што никој не е повикан на одговорност!

Поминаа три години од формирањето на СЈО, а ефектите од неговата работа се минорни! Со судска завршница решен е само најбенигниот предмет под кодно име ТЕНК, кој се однесува на купувањето на скапиот Мерцедес за кој јавноста карикира: „Па, еве го, тука е Мерцедесот, кој  Е. Димитриев, кога ја вршеше функцијата технички премиер, секојдневно го користеше за превоз од Скопје до Пробиштип и обратно. Ова возило сега се  користи за превоз на странски високи политичари кои доаѓаат во посета на нашата земја!

Меѓутоа, сите случаи што можат да се квалификуваат како сериозни кривични дела се водеа „килаво“ и крајно неефикасно! Беа сослушани неколку стотини граѓани за нелегално финансирање на изборната кампања на поранешната владејачка партија и беа посочени конкретни личности кои учествувале во оваа афера, меѓутоа, овој предмет е далеку од завршница! Во работата на СЈО се вклучени голем број стручњаци, а ефектите од нивната работа се минимални! Шефицата на СЈО, останатите обвинител(к)и и бројните експерти во ова обвинителство, кои имаат несразмерно високи плати, мислат дека ваквите плати можат да ги добиваат бесконечно, сѐ додека не ги решат предметите, кои произлегоа од „бомбите“ што беа објавени од лидерот на поранешната опозициска партија, З. Заев!

На основа на некои индикации може да се стекне впечаток дека шефицата на СЈО има нагласени материјалистички и хедонистички склоности, што може да се слушне од нелегално снимените разговори во кои таа на криминалците им ветува дека нема да бидат осудени на затворски казни, разбирливо, доколку си ја откупат слободата со високи „награди“! Истиот модел се практикува и за останатите привилегии на криминалците, како на пример, враќање на пасошите, замена на затворскиот притвор со домашен притвор и слично.

Да се вратиме на почетните напомени. Шефицата на СЈО е притворена. Несомнено, таа знае зошто е притворена, а претстојниот судски процес треба да го расветли случајот. Иако К. Ј. беше поставена за „чувар“ на правната држава и за владеење на правото и правдата во РМ, таа со „шурувањето“ со криминалците, не само што не ја изврши задачата што ја доби за воведување на ред во државата, туку, согласно мислењата на еминентни правни експерти, работи на ликвидацијата на СЈО со цел да ги заштити криминалците и да ги легализира криминалот и корупцијата во државата! Објавените фотографии на кои К.Ј. е во друштво на осомничените во аферата „Рекет“, Боки 13 и бизнисменот Ј.К. се доволен доказ за сомнеж за постоењето на лукративни договори меѓу К.Ј. и спомнатите личности!? Со ваквото свое однесување, Специјалната јавна обвинителка К.Ј. ѝ нанесе тежок удар на правната држава и предизвика големо незадоволство во македонското општество!

Наместо да биде чувар на правото и правдата, таа стана заштитник на криминалот и корупцијата во државата! Можеби проблем беше тоа што немаше кој да го контролира „стражарот!“ Обвинител(к)ите од СЈО се огласија и почнаа да се оградуваат од нивната шефица и да изнесуваат критики на  нејзината работа дури откако таа беше притворена! Пред околу 17 години во полските медиуми беше објавена фотографија на која се гледа како јавен обвинител и осомничен бизнисмен вечераат во луксузен  варшавски хотел. Ваквиот случај предивика скандал во Полска и наиде на жестоки реакции во полското општество!

Во повеќе наврати апелирав луѓето кои рефлектираат на високи политички функции во државата, како и оние кои треба да бидат на чело на разни институции кои располагаат со големи буџетски пари да бидат приморани да поминат сериозни „тестирања“ од страна на компетентни стручњаци, кои би требало да утврдат дали претендентите на високи и одговорни функции во државата имаат морални особини за извршување на овие функции, дали имаат клептомански склоности и/ли слични пороци. Нелогично е кандидатите за возачки испит да бидат обврзани да поминат сериозни тестови кај разни специјалисти, а ваму луѓето кои претендираат да ја водат државата и/ли да располагаат со огромни буџетски пари немаат обврска да бидат подложни на какво било тестирање!? За ефикасно сузбивање на криминалот и корупцијата, на политичарите кои се осудени  за криминал и за корупција, со судска одлука треба да им се забрани, во одреден временски рок или доживотно, да се занимаваат со политика!

Охрид, 23 август 2019 година

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share55Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ