Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општините Куманово, Гостивар, Ресен, Кавадарци и Струмица, утре ќе потпишат Меморандумот за разбирање во просториите на УНДП, со почеток во 11 часот.
На настанот ќе се обратат Постојаниот координатор на ОН и постојан претставник на УНДП, Луиза Винтон и Никола Бертолини, претставник на Делегацијата на Европската унија.
Програмата овозможува поддршка на проекти од јавен интерес и подобрување на општинските услуги и квалитетот на живот за жителите на овие општини. Посебно внимание ќе се посвети на проекти за општествена вклученост, родова еднаквост, човекови права и заштита на животната средина.
Б.Ј.