Дали купувањето медиуми на Балканот од унгарски компании блиски до унгарскиот премиер Орбан има некаква врска со неговата желба да ги поддржи своите политички сојузници, како што е Никола Груевски во Северна Македонија? Ова тешко прашање беше одговорено во една дебата што се одржа за време на пленарна седница на Европскиот парламент минатата недела, по повод прашањата доставени до Комисијата од страна на четири европратеници, Кати Пири, Тања Фајон, Тонино Пикула и Андреас Синдер.
Во Словенија, унгарски бизнисмени имаат купено удел во Nova24TV, во ко-сопственост на членови на Демократската партија на Словенија (СДС). Оваа партијата е предводена од Јанез Јанша, еден од ретките сојузници на Виктор Орбан во Европската унија (и еден од ретките шефови на држави кои побрзаа да го признаат Доналд Трамп за победник на претседателските избори во САД).
Во Северна Македонија, унгарски компании имаат преземено контрола над веб-страниците kurir.mk, denesen.mk, vistina.mk, republika.mk и netpress.com.mk, како и ТВ Алфа од 2017 година. Според Balkan Investigative NewsNetwork, ова се медиуми блиски до конзервативниот поранешен премиер Никола Груевски.
„Што се однесува на Северна Македонија, Комисијата и ЕУ делегацијата, во земјата, тесно ги следат случувањата во медиумскиот сектор“, истакна потпретседателот на Европската комисија Вера Јурова, на релевантната дебата во Европскиот парламент.
„Во Извештајот за 2020 се проценува дека можеби постои потреба од поголема транспарентност во делот на сопстевноста на медиумите и можни практики на прекумерна концентрација на нелегални медиуми“.
Холандската европратеничка Кати Пери која е родена во Унгарија, истакна дека не е изненадувачки тоа што унгарската влада има обезбедено унгарско-пријателска медиумска поддршка на својот политички главен град.
Катимерини/Превод: Н. Цветковска