Пристапувањето на Северна Македонија кон Конвенцијата за намалување на бројот на лица без државјанство (апатриди) од 1961 година е важен чекор во глобалните напори за ставање крај на оваа појава, соопшти Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР), посочувајќи дека со ова вкупниот број на држави потписнички на Конвенцијата се искачи на 75.
– Пристапувањето на Северна Македонија претставува многу позитивен развој кон искоренување на бездржавноста, изјави директорот на Бирото на УНХЦР за Европа, Пасквале Моро.
Северна Македонија се приклучи во Конвенцијата за намалување на бројот на лицата без државјанство од 1961 година, во петокот на 3 јануари, што ја прави меѓу првите земји што го сториле тоа по состанокот во Женева во октомври 2019 година на Сегментот на високо ниво за лица без државјанство на кој беше одбележана средишната точка од десетгодишна кампања #Припаѓам (Belong), која беше поведена во 2014 година за искоренување на бездржавноста до 2024 година.